verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: И Германците потврдија: На Заев не може да му се верува

on 7 - 03 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

03062015-Vecer-Germanci-crop-resize

 

Насловот, каков што е изведен на медиумската содржина што ја рецензираме, не само што не е точен и не само што нема ниту една причина да биде така формулиран, туку претставува сериозна измама на јавноста и грубо прекршување на Кодексот на новинарите и на сите можни професионални стандарди во новинарството.

Тука може и да заврши оваа рецензија. Но, повторно, заради објавените принципи на темелност и на сеопфатност во анализите на новинарските текстови што си ги има зададено проектот „Сервис за проверка на фактите од медиумите“, ќе ја завршиме оваа оцена без да има какво било сомневање во неа.

03062015-Vecer-GermanciЛинк до оригиналниот напис: И Германците потврдија: На Заев не може да му се верува

Датум и време на објавување: 04.032015, 15:41

Датум на рецензирање: 06.03.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Серизоно е повредена вистинитоста во овој текст. Германската амбасадорка никаде во својата изјава ниту навестува нешто од што може да се изведе наслов дека на лидерот на опозицијата не може да му се верува. Таа, како што доликува на амбасадорка, само изразува сериозна загриженост и „очекува сеопфатна и независна истрага“. Во нејзината изјава нема ништо од тоа што го навестува насловот. Најмалку така формулиран „Пи-аР саундбајт“: „На Заев не може да му се верува“.

Сето останато е компилација од изјави и од настани во кои ништо не асоцира на насловот. Тие служат, така врамени, само да создадат илузија дека насловот „држи“. Дури и тоа не е направено професионално. Напротив, направена е селекција за да се избегнат острите и прецизни оцени на настапите на високата претставничка за безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, и на еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан.

Во изјавата на Могерини ја нема клучната констатација:

„Се плашам дека веќе не е прашање дали во Македонија ќе има нестабилност.“

Останатите изјави во оваа компилација се во функција на истакнување на барањата за ставање на кризата во институционални рамки.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

Делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести