verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Тие ни ги ебаа фасадите, а ние држава ќе им даваме да водат

on 7 - 03 - 2015       

fasadi-09876-098-crop-resize

 

Ако ова може да се нарече текст, тогаш тоа е многу лош новинарски производ. Целиот е коментаторски, а ставен е во рубрика „Македонија“ како ударна вест. Воопшто не се труди да докаже нешто, ниту да понуди извор, да биде содржан и објективен. Насловот е тенденциозен, невистинит и сосема непотребно безобразен, со оглед на тоа што содржи уличарски термин. Целиот напис, исто така, е напишан без почитување на ниту едно правило од важност за еден новинарски текст.

fasadiЛинк до оригиналниот напис: Тие ни ги ебаа фасадите, а ние држава ќе им даваме да водат

Датум и време на објавување: 05.03.2015

Датум на рецензирање: 06.03.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

Прво, мора да се каже дека насловот е вулгарен и недостоен за еден новинарски производ, особено во весник кој има, каква-таква, сепак, децениска традиција.

Понатаму, во написот има уфрлени коментари под превез на цитирани граѓани. Воопшто нема објективност зошто ако имало, сигурно во текстот би била вметната и информацијата дека паралелно се случуваше и акција за пречкртување на графитите. Медиумите објавија дека по појавата на графити (не е спорно дека тие се појавија како печурки по дожд), експресно беше спроведена акција за нивно отстранување или пречкртување.

Во текстот без ниту еден доказ се тврди, и тоа категорично, дека графитите ги пишувале членови или активисти на СДСМ:

„Но, и тука СДСМ решава нашето да го стави во своја функција. На туѓ имот, туѓ труд и работа да испишува свои пароли, за свои партиски потреби. Да уништува наш приватен и јавен имот за да врши своја пропаганда. Нивните партиски пароли, на илјадници, се испишани низ Скопје по нашите фасади, скали, излози, сообраќајни знаци, жардињери… со што тие се уништени.“

И покрај ваквото директно тврдење, воопшто не се нудат аргументи дека зад графитите стојат членови на СДСМ. Како е дојдено до таков заклучок? Недостиг од докази за тоа кој ги напишал графитите не мора да значи дека се од некоја партија. Може да се и граѓани кои се вознемирени од содржините на разговорите. Зошто тогаш оваа дилема не е изнесена во текстот? Така тој би добил содржајност и објективност. Дали, ако се следи оваа логика на текстот, тоа значи дека графитите со пораки против опозициската партија се напишани и потпишани од ВМРО-ДПМНЕ и од УМС на оваа партија?

Текстот со вакви тези се занимава од почеток до крај. Мора и да се напомене дека поголем дел од фотографиите се преземени од новинската агенција „Мета“, а притоа не се атрибуирани, ниту е наведен нивниот извор.

Ова е текст кој има една цел, да исмее и да омаловажи. Друга логика за постоење на текстот не може да се извлече. Притоа, тој е полн со недокажани тези, коментари… Затоа, единствено што може да се каже е дека  ова „дело“ е пример како не треба да изгледа еден новинарски текст.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност, друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести