verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Каков бизнис имал Заев со синот на Верушевски? (видео)

on 7 - 03 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

zaev-poraki-09876-098-crop-resize

 

Ова е уште еден текст со кој се извртува вистината и се спинува за да се дискредитира лидерот на СДСМ. Целиот текст околку овие прашања е изваден од контекст, а на тоа му се налепуваат непотврдени аргументи или шпекулации, со што текстот звучи повеќе како обивинителен акт отколку како новинарски производ. Настрана што сето ова што е напишано за дешифрираните пораки е во доменот на шпекулација. За разлика од аудиоснимките со телефонски разговори, кои опозицијата ги објавува во целост и кои сите ги слушнавме, овие пораки, со оглед на нивната неаудиолошка и невизуелна природа, не можеме да ги видиме/слушнеме на начин кој ќе нè увери дека се вистинити и автентични.

zaev porakiЛинк до оригиналниот напис: Каков бизнис имал Заев со синот на Верушевски? (видео)

Датум и време на објавување: 03.03.2015, 09:03

Датум на рецензирање: 03.03.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ИЗВАДЕНО ОД КОНТЕКСТ

Текстот се базира на елементи кои се дел од доказната постапка. Како тогаш тие се нашле кај овој медиум? Во написот нема ниту збор за тоа од каде се добиени, макар тоа да е напишано и на начин со кој ќе се заштити изворот. Како тогаш да веруваме на сето ова кога нема никаква назнака за потеклото? Дека ова е текст со сомнително потекло, покажува и фактот што од доказната постапка постојано истекуваат докази (снимка од кабинетот на Груевски, шифрирани пораки), па дури и стари докази (снимки од Љубе Бошкоски), а никој не презема мерки тоа да се спречи.

Професионален напис мора критички да се осврне на овие „докази“ затоа што можно е тие да не се вистинити.

Поради тоа, целата оваа приказна е сомнителна затоа што не е испочитувано основното новинарско правило, да има извор за тоа од каде птотекнуваат елементите од приказната.

„Иако неколку пати се обиде да манипулира, Заев, конечно, потврди дека шифрираните пораки се дел од комуникацијата меѓу синот и сопругата на Зоран Верушевски. Сепак, лидерот на СДСМ не доби прашање, па јавноста остана без одговор – зошто семејството Верушевски комуницира со шифрирани пораки ако не прави ништо што е спротивно на законот“.

Тука е искористен лесно препознатлив спин. Заев во разговорот, а и во парчето снимка што го има објавено овој медиум, не тврди дека шифрираните пораки се дел од комуникацијата. Тој само потврдува дека купил компјутер за синот на Зоран Верушевски затоа што сакал да му помогне на семејство кое се одважило да го разобличи криминалот на власта.

Исто така, Заев вели дека имал намера да му купи автомобил од истите прични, но, исто така, тоа не значи и дека има поврзаност со некаква услуга за направеното, како што се тврди во текстот. Каде, инаку, во написот има доказ за направена контрауслуга која требало да се материјализира во автомобил?

Во текстот, покрај ова, намерно е избегнат и делот од рзговорот во кој Заев вели дека тие наводни пораки на семејството Верушевски тој лично не ги видел, туку слушнал за нив од телевизија.

Ова е прилог во кој бесрамно се спинува одредена изјава. Во текстот намерно се изоставени делови од изјава кои би доловиле сосема поинаков контекст кога би биле пренесени. Поради ова, може само да се заклучи дека овој текст има една намера, а тоа е по секоја цена да се дискредитира лидерот на СДСМ.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести