verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: И членството не прифаќа одговорност за поразот на СДСМ

on 7 - 04 - 2014       

И членството не прифаќа одговорност за поразот на СДСМ Република Online-crop-resize

Како подзаборавени се избалансираноста и непристрасноста во известувањето за чинителите во изборниот процес. Овие стандарди не се посочени туку-така. Напротив, тие се од суштинско значење кога граѓаните треба да го донесат судот при одлучувањето зад параванот. Во случајов, пристрасноста се забележува уште во самиот наслов каде се инсинуира пораз на една политичка партија и покрај тоа што изборите уште не се одржани. Тоа е во директ ен судир со членот 14 од Кодексот на новинари каде пишува:

Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано.

Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

На ова се надоврзува и жанровската недефинираност на напишаното, со оглед на тоа што не содржи нови информации за да биде информативен жанр,  а изобилува од коментари што не се потпишани, за да биде колумна.

И членството не прифаќа одговорност за поразот на СДСМ Република OnlineЛинк до оригиналниот напис: И членството не прифаќа одговорност за поразот на СДСМ

Датум и време на објавување: 01.04.2014; 13:57

Датум на рецензирање: 01.04.2014

Рецензент: Мирослава Бурнс

Основната теза што се наметнува од изнесеното е дека тоа што раководството на партијата не се нашло на кандидатските листи, по автоматизам значи пораз. Ваквото тврдење освен што е пристрасно соодветствува и со кампањата на политичката партија што е „противничка“ на онаа за која се пишува.

Без ниеден извор што стои зад тврдењата, се нафрлаат тешки зборови со кои се коментира. Новинарите имаат право и на вредносни судови и на коментари, сѐ додека тоа е јасно прецизирано со тоа што ќе се одвојат во посебен жанр како колумна или коментар.

Кукавички чин, алиби за пораз, двојна и неискрена игра биле работите, кои базата ги префрлала на раководството по дефинирањето на конечните листи на кои не се најде раководството на СДСМ.

И последните надежи дека може нешто да се смени на тој план пропаднале по истекувањето на конечниот рок за нивно поднесување до ДИК и нивното официјализирање.

Единствениот официјален извор се цитира вонконтекстуално, односно се надоврзува на веќе разработената коментаторска природа на изнесеното. Во текот на пишувањето се забележуваат и недообјаснети елементи, како, на пример, тоа што се споменува анкета на граѓани, но ништо подетално. Збунувачки…

Тоа е од единствена причина што одбегнуваат соочување со народот, а изборите се единствениот и најпрецизен мерлив репер за кредибилитетот и довербата со народот. Тие на тој начин го потценуваат народот, кој сè поизвесно е дека ќе ги казни поради ваковото однесување (анкета на граѓани).

Горенаведениот коментар, се поврзува со изјава на претседател на друга партија, за да му се даде течение на текстот.

За ваквата појава премиерот Груевски на митингот во Струмица истакна:

Наместо да се прашаат аналитичарите што мислат за листите на партиите, овде се претпоставува што тие би рекле. Едно од најистакнатите непишани новинарски правила е новинарот никогаш да не претпоставува, туку да се осигура, да провери, да посочи, да контактира што повеќе извори и да претстави што повеќе различни видувања за една проблематика. Спротивно на ова во текстот се вели:

За аналитичарите ова би било единствен пример во Европа каде што раководството на главната опозициска партија не ја презема одговорноста и не истрчува во првите редови на избори.

Од ова останува да виси во воздух прашањето како некој знае што би мислеле аналитичарите, ако не зел изјава од нив и не ги атрибуирал.

Отвореното навивање започнува во насловот каде се тврди дека има пораз на една политичка партија, а се надградува во продолжение со низа шпекулации и коментари:

Тоа е од единствена причина што одбегнуваат соочување со народот, а изборите се единствениот и најпрецизен мерлив репер за кредибилитетот и довербата со народот. Тие на тој начин го потценуваат народот, кој сè поизвесно е дека ќе ги казни поради ваковото однесување (анкета на граѓани).

Да се изнесуваат вредносни судови и да се коментираат постапките на оние што се дел од процесите во политиката не само што е дозволено, туку е и нужно. Но, ако тоа не се прави во колумна или во коментар, тогаш мора да има извори. Професионалните стандарди тоа го налагаат, особено во чувствителен период како избори.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести