verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Газди и квази-новинарство: Дискредитирачки коментар маскиран во извештај

on 7 - 04 - 2014       

FireShot-Screen-Capture-030-sef-pendarovski-crop-resize

[Рецензија на напис: Кој му е газда на Пендаровски?]

Веќе самиот наслов го подготвува читателот за тоа што е намерата и каква е содржината на четивото кое му се нуди. Користејќи го исказот на Стево Пендаровски во својство на кандидат на СДСМ за претседател на државата, искажан на предизборен митинг, дека шефот на државата не смее да има газда над себе, насловот поставува прашање: кој му е газда на Пендаровски? И, веќе во првата реченица одговорот се сервира во вид на коментар – Стево Пендаровски мисли дека народот ќе заборави на неговиот газда Бранко Црвенковски. Се работи, имено, за уште еден прилог кон нововоспоставениот жанр на квази-новинарство во Република Македонија – дискредитирачки коментар маскиран во извештај од настан. Во случајов, тема беше настапот на Пендаровски на предизборен митинг во Делчево, а текстот е поместен во рубриката ПОЛИТИКА заедно со останатите политички настани, но, всушност, се работи за политички коментар, кој по системот copy-paste проциркулира низ неколку портали наклонети на владеачката политичка опција. Дека тезите потекнуваат од друг медиум дознаваме преку една срамежливата напомена на крајот од втората реченица:

„Претседателскиот кандидат на СДСМ на синоќешниот митинг  во Делчево изјави дека претседателот не смее да има газда над себе, надевајќи се дека поради овие негови зборови граѓаните ќе заборават на неговиот газда, ментор и идол, Бранко Црвенковски, пишува Курир“. 

Но, понатаму текстот тече без потсетувања од таков тип, изоставени или од небрежност, или, пак, со желба написот да делува оригинално. Сепак, нема ништо оригинално во начинот на кој медиумот преку овој напис се пресметува со личноста на претседателскиот кандидат на опозиционата СДСМ, бидејќи се нижат потсмешливи коментари на сметка на Пендаровски – дека ова бил

„провиден обид на Пендаровски да се претстави пред граѓаните како лице кое нема “газда над себе“, дека

 

„потсвеста на претседателскиот кандидат на СДСМ си работи, зошто човек од сопствената сенка не може да избега“,

 

„по директен налог на Црвенковски беше протуркан за кандидат на најголемата опозициска партија“

и слично. Во овој случај информативната компонента е комплетно занемарена за сметка на пропагандната, а тоа е направено без нималку обѕир кон стандардите на новинарското изразување.

Рецензија: Кој му е газда на Пендаровски?Линк до оригиналниот напис: Кој му е газда на Пендаровски?

Датум и време на објавување: 2.04.2014, 11:36

Датум на рецензирање: 4.04.2014

Рецензент: Југослава Дуковска

 

ТВРДЕЊА МАСКИРАНИ ВО ФАКТИ

Освен цитатот од говорот на Пендаровски, одржан на предизборниот митинг во Делчево, нема ниту обид да се известува за самиот митинг на опозициониот претседателски кандидат. Изнесените тврдења се само маскирани во факти, со надеж дека како такви ќе поминат кај читателот. И во случајот на извор(и) на информацијата треба да се констатира дека единствениот извор – говорот на Пендаровски на митингот одржан во Делчево се ползува само една реченица. Останата содржина на написот е коментирање, кое нема врска со настанот.

Написот нема ниту амбиции да биде сеопфатен, тој испраќа политичка порака и објавува политичка пропаганда насочена исклучиво кон дискредитација на конкретна личност,  во случајов на претседателскиот кандидат на Социјалдемократскиот сојуз, Стево Пендаровски.  Вистината е спинувана, очигледно  е пласирањето на лаги и полувистини и нема ниту обид да се затскрие комплетно неизбалансираниот приод кој го одликува овој напис. Ова е уште еден од низата непотпишани пропагандни текстови кои со мали или никакви интервенции во содржината се копираат од еден во друг медиум.

 

ПОЛИТИЧКАТА ПРОПАГАНДА ГО ЗАСЕНУВА ИНФОРМИРАЊЕТО

Притоа, насловот е отворено навредлив кон претседателскиот кандидат на Стево Пендаровски, а таква е и интонацијата на целиот напис. Не е потребно посебно нагласување на фактот дека текстот е срочен со нескриена намера да дискредитира и дискриминира.

Пропагандните четива поместени меѓу информациите од дневни настани се евтин трик за купување на вниманието на читателите. Најголем дел од нив, сепак, успеваат да ги „прочитаат“ намерите зад ваквите написи и да ја направат разликата меѓу вистинската информација и квази-новинарството во функција на политиката.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

нема извори

нема извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести