verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Груевски: СДСМ подготвува терен да ги прогласи изборите за нерегуларни

on 25 - 04 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot-Screen-Capture-135-Груевски_-СДСМ-подготвува-www_vecer_com-crop-resize

Политичарите во завршницата на предизборните митинзи говорницата ја претворија во местото од каде ќе го плукаат и навредуваат својот политички противник. Кога лидерот вака се однесува, тогаш и сите пониски ешалони во власта, но и нивните политички противници, се натпреваруваат во говорништвото кое ќе биде исфилувано со навреди и можни елементи на говор на омраза.

Рецензираме таков текст  во кој новинарот, ставјќи ги под знакот на наводите навредливиот говор на Премиерот, смета дека се амнестирал од одговорност и соучесништво. Но, не е така.

FireShot Screen Capture #135 - 'Груевски_ СДСМ подготвува терен да ги прогласи изборите за нерегуларни' - www_vecer_com

Линк до оригиналниот напис: Груевски: СДСМ подготвува терен да ги прогласи изборите за нерегуларни

Датум и време на објавување: 24.04.2014

Датум на рецензирање: 24.04.2014

Рецензент: Александар Писарев

 

НОВИНАРОТ НЕ Е МЕГАФОН

„Груевски: СДСМ подготвува терен да“…

„Премиерот Никола Груевски  на митингот рече: „Го гледам аболицираниот криминалец, кој деновиве се обидува мене и ВМРО-ДПМНЕ да не претстави како криминалци, да не оцрни со фрлање кал врз нас, а не знае дека на  27-ми ќе пропадне во сопствената кал“…

„го слушам оној… поставен од Бранко Црвенковски“,

…„-истакна Груевски“…

„потоа Груевски рече“..

Што е овде новинарство, новинарската креативност, содржајност, знаење, перцепција? Ништо. Веројатно свесен за улогата на мегафон и обичен трансмитер, авторот не се ни потпишал под текстот, бидејќи во овој случај и немаме авторски текст, имаме трансмисија на одбрани цитати со навредлив говорот на политичарот – Премиерот. Пренесени се делови на говор кој има напаѓачки квалификации, навреди и на тој начин предизвикува негативна стереотипизација, но и мобилизација:

…„повторно ќе кажам, тоа се очајнички чекори на очајни луѓе, кои ќе ги слушаме уште пет шест дена, како ќе викаат, како ќе монтираат, ќе се силат, ќе вадат фалсификати, ама кој има искуство и кој сите нас не познава  и не одмерил… они ќе го видат судот на народот“…

 

НЕМА МЕСТО ЗА АМНЕСТИЈА

Најчесто, политичарите се тие кои се спомнуваат дека произведуваат можни елементи на говор на омраза, при што новинарите се само во улога да го пренесат таков говор, дистрибутери, или мегафон преку кој политичарите на овој начин ги соопштувата своите пораки. Притоа, новинарот, навистина не може поради тоа да трпи некакви правни консеквенци, но има етичка одговорност.

Новинарите најчесто сметаат дека ако директно го цитираат и го стават под наводници говорот на политичарот во кој има елементи на говорот на омраза, тие се амнестирале од одговорноста за неговите зборови. Грешат, бидејќи ако не ги проблематизираат можните елементи на говор на омраза кој го употребува политичарот, ако не го стават во умерена рамка и во соодветен контекст кој нема да го вознемири граѓанинот, тие стануваат обични дистрибутери и гласноговорници на политичкиот субјект со што ја губат општествената улога која им е поверена.

 

ЕВРОПСКИ ПРАКСИ И РЕШЕНИЈА

Граѓаните не смеат да бидат претворени во „заробен аудиториум“ кој мора да ги слуша нивните навреди без право на избор. Ваквите настапи на политичарите во европската пракса се „санкционираат“ на два начини: новинарот во таква ситуација има право на политичарот да му го „ускрати правото на слободата на говорот,“ така што тој дел од неговото излагање, во рамките на саморегулацијата, нема да го објави или тој дел од говорот, каде има елементи на говор на омраза, напаѓачки квалификации, негативна стереотипизација… да го стави во некаков контекст.

Кодексот на новинарите на Македонија, (член 14) вели:

„Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите, треба да биде непристрасно и избалансирано. Новнарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичкиот сдубјект.Само така можат да се сочуваат етичките и професионалните принципи и вреднсоти и угледот и достоинството на професијата“. 

Европското законодавство уште од крајот на минатиот век, а поинтензивно од 2000-та година, во своите кривични закони го внесува поглавјето и казнените одредби за говорот на омраза, во Кривичниот закон на Велика Британија ова е многу прецизно регулирано, британскиот BBC во врска со ова има свои правила, а Европската конвенција за човековите права во членот 10 дава упатство како да се однесуваме доколку  политичкиот субјект употребува говор на омраза.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

има елементи на говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести