verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Интересна медиумска содржина, ама неточна

on 27 - 06 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Gruevski-Georgievski-09876-0987-crop-resize

 

[Рецензија: Груевски ќе го вади зариениот нож, Љубчо ќе се врати во ВМРО-ДПМНЕ]

 

Станува збор за интересна медиумска содржина, која, на прв поглед, го привлекува вниманието на публиката, што се гледа и по бројот на посети (околу 15.000 до 22 часот на 25 јуни 2015 година). Текстот паѓа в очи уште со изборот на провокативниот наслов со кој се нуди сигурна информација. Но, дали е навистина така?

download

Линк до оригиналниот напис: Груевски ќе го вади зариениот нож, Љубчо ќе се врати во ВМРО-ДПМНЕ

Датум и време на објавување: 24.06.2015, 23:57:05

Датум на рецензирање: 25.06.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

А, ДА СЕ ПРАША ЉУБЧО!?

Начинот на кој е напишан и пласиран  овој материјал  ги  става под прашалник професионалните и етички стандарди, кои налагаат точноста на информацијата да се провери од што е можно повеќе, а најмалку од два меѓусебно неповрзани извори.

Во конкретниот случај, во прашање е едностран и  шекулативен текст, чија вистинитост не може да се потврди. Тој се повикува на анонимни партиски извори и ја дава приказната само од еден агол.

Втортата страна – лидерот на ВМРО-НП, Љупчо Героргиевски, личноста на која фактички се однесува написот, е целосно игнорирана. Нема изјава од Георгиевски за да се види дали тој потврдува или негира дека „ВМРО-НП ќе коалицира  со  ВМРО-ДПМНЕ“. Не се забележува ниту дека имало обид да се добие став од него.

А, исто така, нема ниту потврда дека премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ  „ќе го вади зариениот нож“! Во текстот не е пренесена изјава од Груевски или, пак, од владејачката партија, која би можела да се толкува во правец на ваквото тврдење.

 

ДЕМАНТИРАНА „ВИСТИНА“

Всушност, текстот нема проблем само со изворите, туку и со фактите. Тој не се темели  на конкретни факти, не посочува докази дека:

„Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, речиси договориле пак да бидат заедно…“

 

„…најверојатно идната недела можно е да биде објавена коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-НП. Георгиевски и Груевски веќе постигнале договор, но се уште во редовите на партијата на Георгиевски имало противници на таков дил…“

Написот се потпира на импресии, говори за „сигнали за затоплување на односите на лутите партиски непријатели“, наместо да прикаже прецизна аргументација дека „Љупчо ќе се врати во ВМРО-ДПМНЕ“, како што убедува насловот. А, дополнително, таква манипулативна порака испраќаат и старите фотографии (од периодот по парламентарните избори во 2002 до 2004 година –  кога ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција, а Георгиевски и Груевски сè уште ги немаа раздвоено патиштата), со кои е илустриран текстот.

Во содржинскиот дел, единствено се анализираат изјавите и предлозите на Георгиевски, особено оние дадени по објавувањето на прислушуваните телефонски разговори. Се редат настани и се изведуваат заклучоци.

И, тие заклучоци можеби се точни, но можеби не се. Сепак, читателите не можат да ја прифатат субјективната перцепција на неименуваниот автор, како неприкосновена вистина. Онаа „вистина“ што самиот портал неколку часа подоцна категорично ја демантираше, објавувајќи изјава на Георгиевски дадена за друг медиум.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

креативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести