verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Путин е луд за српските војници“(???)

on 27 - 06 - 2015       

Putin srpski vojnici - 09876-0987-crop-resize

 

[Рецензија: ФОТО: Со овие воени машини српската војска би била најмоќна сила – поради ова Путин е луд за српските војници]

 

Ова е глупост од текст на кој тешко да му се фати крајот. Не се знае дали е класична куса информација, дали е фото-вест или, пак, е само ново неаргументирано манифестирање возљубеност во Путин и во српската „воена моќ“. Навистина, откако ќе се разгледа материјалот, единствениот ефект што се предизвикува кај публиката, најверојатно, е знак прашалник.

11111Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Со овие воени машини српската војска би била најмоќна сила – поради ова Путин е луд за српските војници

 Датум и време на објавување: 24.06.2015 (нема датум – наведениот е утврден со помош на интернет алатките за пребарување)

Датум на рецензирање: 26.06.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

КАША-ПОПАРА СО НЕРАЗБИРЛИВИ ПРОРУСКО-СРПСКИ ЕЛЕМЕНТИ

Текстот е составен од само три реда кои речиси и да не кажуваат ништо, поточно таа една реченица многу наликува на резултат од „гугл транслејт“ (Google Translate). Не добиваме одговор на дел од клучните новинарски прашања: кој, што, кога, каде, зошто и како, што, пак, јасно доведува до нецелосно информирање на јавноста. Знаеме дека некаде се одржувал меѓународен саем за оружје, на кој учествувала и Србија. Нема абер за тоа кој бил организатор, кога и каде се одржувал саемот. Мало интернет-сурфање и веднаш се доаѓа до вистинските податоци. Станува збор за манифестација која на крајот на месецов се одржувала во Белград и чиј покровител било српското министерство за одбрана. Но, зошто да се бараат дополнителни релевантни информации ако некој веќе се нафатил за нешто да ја информира публиката. Значи, ова е недоречена вест. Ајде, ако можеме, некако и да затвориме очи пред ваквото лошо и неуредно склопување елементарна информација, но од насловот нема бегање:

„ФОТО: Со овие воени машини српската војска би била најмоќна сила – поради ова Путин е луд за српските војници“

Што се сакало да се каже, која била целта на ваквата формулација, имаат ли новинарско значење наредените зборови? Навистина не разбирам! Од приложените осум фотографии не се гледа некакво спектакуларно вооружување кое би ја направило „српската војска најмоќна сила“ (прикажано е возило кое датира од Првата Светска војна!), а и да има некакви „чуда од офанзивни системи“, надвор од умот е дека со нејзините 33.000 војници Србија би била најмоќна сила. За глобална сила и да не зборуваме, зашто споредбата не држи ниту во регионот, бидејќи Србија воено не може да се мери со некои од околните земји-членки на НАТО. Значи, станува збор за констатција „фрлена од ракав“. А, пак, вториот дел од насловната конструкција е уште поконфузен – на „зеленото“ нагаѓање за „Србија како можна велесила“ е накалемен заклучокот „поради ова Путин е луд за српските војници“. Да бидам ептен искрен, пак не разбирам зошто Путин е луд за српските војници? Толку се добри, подобри од припадниците на руската армија? Каде тоа се докажале за тој по нив да „полуди“? Оди, па разбери од овој небулозен текст.

Папазјанија-текст што само покажува колкава е потребата од цврсти критериуми пред нешто да ѝ се пласира на јавноста како информација.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

нема лажни информации

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести