verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Груевски- Бакрачески: Владата континуирано го поддржува локалниот развој

on 9 - 05 - 2013       

За време на велигденските празници премиерот Груевски беше во посета на различни објекти и градови во Западна Македонија (Кичево, Струга, Вевчани и Охрид). Според хроничарите, на овие посети тој се сретнал со двајца градоначалници, а со двајца не се сретнал, со оној на Кичево и на Струга, ниту остварил какви било контакти со општинската управа за прашања кои се битни за односите меѓу централната и локалната власт.

Веста на Нетпрес индиректно покажува дека премиерот останал селективен во посетите, како и дека новинарите тоа не го забележуваат на кој било начин. Селективноста на премиерот е идеолошка, но и етничка! Згора, посетата се одвива во екот на срамниот скандал со Субрата Рој, за кој нема ниту ретче во веста, а секако бил предмет на разговори.

Рецензија: Груевски- Бакрачески: Владата континуирано го поддржува локалниот развојЛинк до оригиналниот напис: Груевски- Бакрачески: Владата континуирано го поддржува локалниот развој

Датум и време на објавување: 06.05.2013, 16:05:39

Датум на рецензирање: 06.05.2013

Рецензент: Љубомир Костовски

Вистинитост на факти: Веста е строго протоколарна и се базира на веројатна информација на најблиските луѓе од протоколот на премиерот и на градоначалникот на Охрид.

За почеток секако недостасува еден битен факт кој авторот на текстот требал да го каже и тој ќе отворел „нови хоризонти“ за чинот на оваа посета – иако престојувал во Охрид безброј пати, Груевски за првпат во речиси осумгодишното претседателствување со Владата се сретнува со охридскиот градоначалник!

Извори на информации:

„Премиерот Никола Груевски денеска во рамките на својата посета на градот Охрид оствари средба со градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески.

На средбата двајцата соговорници разговараа за идните проекти и планови за развој на општината кои ќе значат подобрување на животот на граѓаните и решавање на долгогодишните предизвици, со кои се соочува општината. Главна тема на разговорот беа проектите кои се ветени во програмата за работа на општина Охрид, а кои со заедничка поддршка на Владата треба да се реализираат во наредниот период“.

Основно прашање во оваа вест е зошто централната власт толку време не се интересираше за проблемите на градот, дури и ги зголемуваше со разни форми на притисок или одбиваше да биде жирант за меѓународните проекти, што е битно Охрид да добиел такви средства, а кога на чело на градот дојде претставник на истата партија, од која е премиерот, до посетата доаѓа експресно, со порака – централната власт ќе соработува само со идеолошки сличните градоначалници!

Оној кој ја правел веста пропушта да ја објасни околноста во која се остварува посетата, а за тоа секако било нужно да најде барем уште еден извор, некого од претходната општинска гарнитура или постар граѓанин со доволно познавања за хрониката на односите Скопје – Охрид.

Содржајност: Основниот проблем со кој се соочува сега охридскиот градоначалник секако е скандалот со инвестицијата на Индиецот Субрата Рој, за што во веста не се говори ништо, а што морало да биде предмет на разговор.

Впрочем, тоа е проект кој централната власт, пред сè премиерот и министерот за економија, му ја „натрапија“ на градоначалникот Бакрачески. Познато е дека Рој сега вели пред своите власти дека не поседува пари, па скандалот е меѓународен – или Рој ги лаже своите власти, а нашите ја говорат вистината или Рој ја говори вистината, а нашите власти ја лажат охридската, македонската и светската јавност!

Тоа е едно од централните прашања, а веста од Охрид едноставно за тој проблем не говори ништо, иако за проблемот во власта по однос на оваа дилема мора да е запалена „црвената светилка“.

Пристрасност: Веста сака да го искористи периодот кога заради празниците нема доволно вести во етерот и се обидува, низ една класична и „строга“ по формата вест, да покаже како премиерот никогаш не се одмора (формула 24/7).

Формата е поважна од суштината, односно од содржината на веста на која ѝ се одземени најскокотливите прашања!

Невистината, односно лажните информации се сконцентрирани само во насловот.

Плагијат: Веста е агенциска, на самиот Нетпрес.

Квалитет на насловот: Насловот одразува една голема невистина, а тоа е дека премиерот имал „континуиран“ интерес за проблемите на Охрид, што не е точно. Насловот дури сугерира дека власта го подржува локалниот развој насекаде, што одново не е случај, бидејќи, Груевски во последните три дена го посети и Кичево и Струга ама не контактираше со тамошните градоначалници, кои се претставници на други партии и кои се Албанци.

Фотографија: Фотографот инсистирал на вообичаеноста, на рутинското во односите меѓу Илинденска број 2 со охридскиот градоначалник, небаре тоа се случува постојано.

Заклучок: Посетата на премиерот Груевски на Западна Македонија се одвиваше во периодот кога тој не е омилен во најмалку два од посетените градови – во Кичево и во Струга.

Одговорните за имиџот на премиерот настојувале да нагласат дека важен празник тој минува со народот во овие места, но без никакви вести кои би го потврдувале ова, туку етерот и весниците се полни со вести од оние општини каде неговата неомиленост е помала (Вевчани и Охрид) со цел со нив да се „компензира“ недостатокот од информации од „турнејата“. Оваа е една таква, однапред подготвена вест.

Рецензија: Груевски- Бакрачески: Владата континуирано го поддржува локалниот развој

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести