verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Ахмети: Пратениците на СДСМ ни се закануваа – Сите ќе бидете изгорени

on 9 - 05 - 2013       

Дали е разбрана метафората во исказот или подобро звучи кога кажаното ќе се пренесе буквално?

Рецензија: Ахмети: Пратениците на СДСМ ни се закануваа - Сите ќе бидете изгорениЛинк до оригиналниот напис: Ахмети: Пратениците на СДСМ ни се закануваа – Сите ќе бидете изгорени

Датум и време на објавување: 07.05.2013, 10:28

Датум на рецензирање: 08.05.2013

Рецензент: Биљана Илиќ

Вистинитост: Повеќе медиуми, како и порталот Прес 24, пренесувајќи го извештајот на дописникот на МИА за посетата на Али Ахмети на САД, ставија акцент на неговото видување на настаните на 24 декември 2012 година и за односите на неговата партија со СДСМ.

Во тој, за извештајот на Прес 24, клучен сегмент, немаме потврда дали наводите на Ахмети се точни и веродостојни. Остатокот од извештајот пренесува факти во чија точност немаме причина да се сомневаме.

Извори на информации: Извештајот се темели на исказот на еден, единствен извор – лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Во делот од неговиот говор, во кој тој зборува за скандалот во парламентот, се изнесуваат сериозни обвинувања на сметка на опозицискиот СДСМ, чии пратеници, како што вели Ахмети, биле „изложени на психолошки терор“, зашто наводно добивале СМС пораки од пратениците на СДСМ дека треба да го напуштат Собранието, бидејќи во спротивно „сите ќе бидете изгорени“.

Сметаме дека професионалниот однос кон овие наводи налага порталот да ја сослуша и другата страна. Веројатно не било тешко да се добие изјава-коментар од СДСМ за овие наводи.

Содржајност: Настрана од аголот наметнат во лидот, извештајот пренесува повеќе наводи од говорот на Ахмети, во кои се зборува за спорот за името и се објаснува природата на неговото патување во САД. Повеќе медиуми во извештајот за овој настап на Ахмети објавуваат контекстуална единица која се однесува на изјавата на ДУИ, според која „нема длабоки разлики“ меѓу политиката на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ за спорот за името.

Освен тоа, некои ја пренесуваат и веста дека претставници на Обединетата македонска дијаспора одбиле да се сретнат со Ахмети, но тоа не е случај и со Прес 24. Сепак, би било претерано да се тврди дека станува збор за намерно прикривање информации.

Пристрасност: Како што веќе утврдивме, поради едностраноста на изворот и акцентирањето на обвинувачките наводи, кои не се проверени со консултирање на втората засегната страна, написот само делумно ја прикажува вистината.

Сепак, впечаток е дека авторот беневолентно и без зла намера или пристрасност, влегува во спинот што се содржи во исказот на Ахмети, така што би било претерано авторот да се обвини за спинување и наклонетост.

Коментирање: Написот има благи коментаторски елементи (како, на пример, оценката дека Ахмети дал „оптимистичко гледање“ на состојбите на Балканот), кои се релативно јасно издвоени и не создаваат забуна.

Плагијат: Посредно, од анализа на други извештаи, заклучуваме (можеби и погрешно), дека текстот се темели на извештај на дописникот на МИА. Изворот не е наведен.

Квалитет на насловот: Насловот на овој текст е манипулативен – иако ниту во говорот на Ахмети не е јасно нотирано дека глаголот „изгори“ веројатно е кажан метафорично, тоа отсуство на објаснување или соодветен интерпункциски знак (наводници) во насловот создава сериозна забуна.

Заклучок: Правилото „да се сослуша другата страна“ треба да се почитува секогаш кога е тоа можно, а особено кога се изнесуваат сериозни обвинувачки наводи, како во овој случај.

Иако станува збор за извештај, тој би морал да содржи и одговор на засегнатата страна. Тоа, секако, можело да се стори и во посебен текст (реакција на СДСМ, на пример), но во тој случај, пожелно би било извештајот да се обнови, со линк што води до реакцијата. Така читателот би добил коректна и избалансирана информација.

Фер е да се каже дека ова е ретка пракса во сите македонски онлајн-медиуми, иако природата на известувањето кај нив овозможува ваков начин на балансирање на информациите.

Рецензија: Ахмети: Пратениците на СДСМ ни се закануваа - Сите ќе бидете изгорени

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести