verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Во овој случај фотографијата не вреди ич, а не, пак, 1.000 зборови

on 6 - 08 - 2015       

1111-0987-09871-crop-resize

 

[Рецензија: Груевски: Ангажирани се сите институции за помош на Тетово]

 

„Сликата вреди 1.000 зборови“, нели? Ама во овој случај фотогрфијата не вреди ич, а не, пак, 1.000 зборови.

1111Линк до оригиналниот напис: Груевски: Ангажирани се сите институции за помош на Тетово 

Датум и време на објавување: 04.08.2015

Датум на рецензирање: 05.08.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

ДЕЗИНФОРМАЦИЈА ПРЕКУ ЛОША ФОТОГРАФИЈА

Овде станува збор за тешка импровизација од аспект на употребената фотографија. Некој ќе рече, тоа е мал грев, имајќи ја предвид ситуацијата во домашните медиуми, но би било сериозен прекршок, кон самото новинарство, овој случај да се извлече само со таква „лабава“ оцена. Внимавајте, имаме класична манипулација и дезинформација на јавноста – за илустрација е искористена фотографија од сосема друг настан, од сосема друг период од годинава. Тоа е недозволиво, особено ако се има предвид тежината на природната катастрофа што го зафати Тетовско, животите што ги однесе и штетата што ја создаде.

Зборуваме за една од, можеби, десетте најважните случки во 2015 година, а таа во овој материјал е „покриена“ со бајата фотка. Како тоа се случило и, што е уште поважно, зошто тоа се дозволило? Нема оправдување во евентуалните објаснувања: брзање, промптно информирање на јавноста, зашто ваквата илустрација не ги информира читателите, бидејќи не им ја пренесува вистинската слика од теренот. Плус, написот е пишуван еден ден по страшното невреме, што значи дека ако се сакало и се мислело, можело да се обезебеди соодветна фотографија. Ама не, се „тарашкало“ по гугл-архивата и се зела слика од поплавите во битолско од февруари, кои ги набљудува премиерот!

22222

 

Замислете што би се случило ако сите го правеле ова? Би останале без некои од вонвременските фотографии, кои ги одбележале најважните мигови на човештвото во изминатите век и половина. Оттука, ќе кажеме коректен текст плус катастрофална фотографија е еднакво на лош конечен производ.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатна е бидејќи е утната фотографијата

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

погрешна

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести