verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ на средба со граѓаните

on 27 - 10 - 2014       

 

FireShot-Screen-Capture-033-vecer_mk_makedonija_gradonachalnicite-na-vmro-crop-resize

Рецензираме еден од серија текстови во медиумите каде се следи патешествието на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и на нивните соработници низ населените места во Македонија за да се „чуе гласот на народот “ за проблемите кои го тиштат и да се презентираат успешните владини политики.

Според содржајноста на објавеното, како да се работи за монолог на градоначалниците, бидејќи никаде ја нема втората страна. Граѓаните, кои се очигледно дел од овој настан, ги нема никаде. Дали и тие нешто кажале, прашале, пофалиле…, бидејќи насловот гласи „Градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ на средба со граѓаните“

Без оглед што се работи за фотосесија, овој новинарски производ е со нагласена и изразена интенција да го наметне само мислењето на политичарите, а не да ја даде реалната слика на настанот. Бидејќи од приложените фотографии, сепак, се гледа дека и граѓаните нешто кажале.

FireShot Screen Capture #033 - 'Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ на средби со граѓаните I Вечер' - vecer_mk_makedonija_gradonachalnicite-na-vmroЛинк до оригиналниот напис: Градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ на средби со граѓаните

Датум и време на објавување: 23.10.2014 15:14

Датум на рецензирање: 24.10.2014

Рецензент: Александар Писарев

 

ЕДНОСТРАНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Во теоријата на новинарството, ова би се дефинирало како еднострано известување од настанот, односно прикажување само на едната страна, што создава нејасна слика кај публиката со изразен недостиг на балансирано известување и со свесно занемарување на втората страна.

„Градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ даваат отчет директно пред граѓаните, на јавни собири, за својата работа, за проектите кои ги реализираат и за степенот на исполнување на програмата со која ја добиле довербата.“

Граѓаните се спомнуваат само како објекти, а не како рамноправни во дијалогот кој се води на настанот.

„Градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ на овој начин ќе останат во близок контакт со граѓаните, ќе ги видат директно на терен проектите кои се во тек на реализација, но и ќе ги слушнат реалните потреби и прашања на граѓаните.“

Извештајот е направен од настанот, но недостигаат прашањата на граѓаните, кои на настанот се упатени директно до градоначалниците.

 

СЛИКА „БЕЗ ТОН“

Од приложените фотографии и од текстот се гледа дека граѓаните разговарале со претставниците на локалната самоуправа од ВМРО-ДПМНЕ и, веројатно, нешто кажале или прашале.

„Средбите се одржуваат со сите граѓани. Овие средби имаат за цел да се утврдат потребите и приоритетите на граѓаните, и кон нив, низ реална динамика, да се пристапи да се реализираат.“

А, што кажале граѓаните? Кои се нивните приоритети? Како тие ги оцениле проектите и колку, според граѓаните, тие се прилагодени на нивните потреби? Дали ги пофалиле или кртикувале? Втората страна во настанот не постои, ја има на фотографиите, ама „без тон“.

Можеби втората страна има различни ставови. Со вакво претставување на настанот, не ѝ е дадена можност на публиката, врз основа на сопствените критериуми и ставови, да процени што е исправно и прифатливо во целиот настан. Така што, прилогот не може да се прифати како целосно прикажување на настанот.

 

ПОД ДИРИГЕНТСКА ПАЛКА

Известувањето од овој настан е очигледно направено по линија на помал отпор и според потребата да се спинуваат политиките на одредени играчи на политичката сцена, чија моќ е значителна. Во веста ги нема граѓаните, но затоа се говори дури и за логистичките детали на активностите на политичарите:

„После теренските посети на пратениците и со овиие посети на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, партијата покажува силна агилност и секојдневно присуство секаде низ Македонија, во секое населено место. Ова активност на градоначалниците на ВМРО-ДМНЕ не е поврзана и не се спроведува заедно со теренските активности на пратениците од партијата, но постои силна комуникација и координација.“

Повреден е член 14 од Кодексот на новинарите на Македонија.

„Известување од политички процеси треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професонална дистанца од политички субјект.“

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести