verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Газда Нини ги попари социјалдемократите за Македонска Банка – Не го познавам Груевски

on 9 - 09 - 2014       

 

Nini-sudewe-2-098-09876-crop-resize

Велат дека во правото се читаат дури и точките и запирките. Тоа значи дека станува збор за материја на која мора да ѝ се пристапи многу претпазливо и да се внимава и на најситните детали. Истото треба да важи и за новинарството, барем она вистинското, кое се занимава со оваа тема, бидејќи не може на нешто што е многу прецизно да му се пристапи несмасно. Токму таков невешт облик на „известување“ од едно судење се забележува во овој текст. Како поинаку да се разбере отсуството на клучни елементи од судската приказна во процесот Груевески vs. Заев. Би било добро објаснувањето да беше дека тоа е само поради неукост!!!

2Линк до оригиналниот напис: Газда Нини ги попари социјалдемократите за Македонска Банка – Не го познавам Груевски

Датум и време на објавување: 01.09.2014, 11:42

Датум на рецензирање: 03.09.2014

Рецензент: Владимир Мирчески

 

„ИСПУШТЕНИ“ ДЕЛОВИ, УСКРАТЕНА ВИСТИНИТОСТ

Ако веќе кажавме дека прецизноста е исклучително важна при известувањето од судски процеси тоа само по себе ја подразбира и вистинитоста како, пред сѐ, врвен, задоволен критериум. Но, во овој случај зборуваме за, во најмала рака, селективна вистинитост на написот. Тоа станува јасно откако ќе го споредиме текстов, кој се повикува на други медиуми, со објавени материјали за истиот настан. Ако пишувате дека „Српскиот бизнисмен, Јовцица Стефановиќ Нини, им ја упропасти предизборната забава на социјалдемократите“ и „Нини, дојде во судот како предлог сведок на адвокатите на Заев, но пред самото судење, тие се покаја што го повикале, па се обидоа да го спречат неговото судење“, како тоа да „заборавите“ да го наведете фактот дека одбраната на опозицискиот лидер се побунила Нини да сведочи зашто претходно судот не само што не го прифатил барањето како сведок да биде повикан Ден Дончев – човекот кој директно учествува во зделката, туку не ја прифатил ниту аудио-снимката како материјален доказ за наводна вмешаност на премиерот во незаконски активности?! Со испуштањето на тие делови, на јавноста, всушност, ѝ се ускратува важен елемент од фактичката ситуација врз основа на која се гради општата перцепција за процесот. Овде веќе не зборуваме за прецизност и внимателност, туку за, можам да си дозволам да кажам, најверојатно намерно нарушена вистинитост.

 

НЕЦЕЛОСНА СОДРЖАЈНОСТ – СЕЛЕКТИВЕН COPY-PASTE

Вака како што е напишан, текстот нема проблем со извори на информации, бидејќи од употребените формулации се добива впечаток дека новинарот непосредно присуствувал на судењето, иако на крајот се открива дека не е така. Основата е преземена од друг медиум, но со голема разлика – неодстасуваат клучни елементи.  Значи, во случајов, работата не е во тоа што од каде е пренесено, туку што и зошто не е пренесено. Со самиот факт дека фалат „парчиња“ важни за целата приказна јасно е дека трпи содржајноста која не ја дава севкупната слика.

„Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи“ – член 1 од Кодексот на новинарите.

Во изземањето одредени сегменти, кои за саглам новинар би биле неизоставен дел од настанот, се забележува одредена пристрасност која подолу во текстот преминува во необјетктивност за, преку неколкуте коментаторски „проблици“, да стане јасна тенденциозност со силна политичка обоеност. Слична „формула“ е искористена и во насловната конструкција:

„Газда Нини ги попари социјалдемократите за Македонска Банка – Не го познавам Груевски“

која недвосмислено има призвук на неизбалансиран пристап. Поточно, насловот не не информира соодветно, туку ја пласира само едната страна на приказната – онаа која му одговара на тужителот во процесот.

Конечно, не знам дали треба да бидам изненаден само од овој текст или од вкупната непрофесионалност на цела низа написи кои беа напишани за конкретниот настан.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

селективен copy-paste

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

креативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести