verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: ФОТО: Во Македонија бубрег се продава за 80.000 евра

on 13 - 10 - 2013       
Овој напис го има и на: Албански

ФОТО_ Во Македонија бубрег се продава за 80_000 евра I Press24_crop_resize

Уште еден пример на сензационалистички пласирана информација, илустрирана со несоодветна фотографија и неистражаена до крај, што ја прави несериозна и ја доведува во прашање и нејзината вистинитост. Веста нема автор, но новинарот кој ги разгледувал огласите на сајт за рекламирање, морал да обезбеди повеќе информации пред да објави било што, бидејќи наведената причина дека телефонските броеви не постоеле или не се јавувал никој, не се доволен доказ дека новинарот и медиумот од други странични извори ја проверувале вистинитоста пред да објават дека бубрег во Македонија се продава за 80.000 евра. На пример, на еден од посочените телефони во огласите, нашиот рецезент без проблем го доби извесниот „Васе“ од Штип, кој ни објасни дека е решен да го продаде неговиот бубрег, ни објасни дека е крвна група „А“ и никогаш немал проблеми со бубрезите. Секако, „Васе“ е подготвен да направи и дополнителни анализи, ако има кој да го купи неговиот бубрег. Откривме и други детали, но нашата цел не е да ја дополнуваме објавената информација, туку да посочиме дека ние од „прва“ добивме информација на посочените  телефони, што не може да се каже дека тое е тоа сторено и во рецензираниот текст.

Не е доволно само да кажете дека никој не одговарал на телефоните, без да побарате информација во надлежни органи (МВР, Министерство за здравство) околу начинот на евентуалното продавање бубрези на црниот пазар, кој ги врши операциите, дали тоа се прави во легални клиники и слични информации, кои на читателот ќе му дадат јасна слика за еден сериозен проблем ако постои, а не како во случајов, само нафрлена информација без потребните елементи.

Дали оваа информација дава одговор на основните новинарски прашања? Одговорот, секако е негативен. Дополнителен проблем е што се копирани огласите и поставени на сајтот сосе телефонски броеви, кога не е утврдено дали тие огласи се веродостојни, кој ги поставил, или, пак, можно е да се работи за нечија шега, што може да им направи проблеми на сопствениците на телефонските броеви.

ФОТО_ Во Македонија бубрег се продава за 80_000 евра I Press24Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Во Македонија бубрег се продава за 80.000 евра

Датум и време на објавување: 8.10.2013

Датум на рецензирање: 10.10.2013

Рецензент: Саше Димовски

Вистинитост: Без потребните новинарски истражувања, вака пласираната информација има сериозни „фалинки“, кои би можеле да ја потврдат нејзината вистинитост, посебно сумата за која се говори. Проблемот со продавање на органи беше присутен и во регионов, но не може сѐ што се зборува јавно, на улица, на пазар, да се пласира како информација во медиум, а да не се направи и минимален напор за докажување на вистинитоста.

Извори на информации: Не се користи ниту еден официјален извор, ниту пак анонимни граѓани кои би биле засегнати во случајов (тие кои продаваат или купуваат бубрег), туку сѐ е сведено на пронаоѓање на оглас поставен на бесплатна платформа на огласи која не одговара за содржината на истите. Во вториот дел на веста за говори за информации во Србија каде што бубрег се продавал и до 100 илјади евра, но овој податок е даден само како илустрација, која со ништо не може да го покрепи тврдењето за продавање на бубрег по цена од 80 илјади евра во Македонија.

Содржајност: Оскудна во поглед на информативноста и делумно шпекулативна, па затоа за оваа информација не може да се пофали со содржина неопходна за ваков вид на информирање.

Оригиналност/Плагијат: Оригинална во делот кој се однесува во Македонија, но „оригиналноста“ без неопходните елементи за кои се пишува во воведот информацијата ја прават неквалитетна за цитирање и натамошно користење како релевантна.

Квалитет на насловот: Сензационален наслов, кој не наоѓа поткрепа на тврдењето во текстот од релевантни, уверливи извори за кои лесно може да се провери дали ја говорат вистината.

Фотографија: Во постирањето на огласите како илустрација не се водело сметка за заштита на телефонските броеви, во ситуација кога може да се види дека на сајтот секој може да постави оглас бесплатно, а тој не гарантира за содржината.

Заклучок: Трговијата со органи е сериозна тема за која, како што пишува во веста, и кривично се одговара, па медиумите мора да имаат во вид повеќе прашања кои треба да си ги одговорат пред да пишуваат. Како на пример: дали полицијата во Македонија досега има откриено вакви случаи, кој може да донира органи и во каква процедура, каде може да се изврши трансплантација и други информации што ќе му дадат на читателот реална слика за темата за која се пишува.

Ако ние, со вртење на само еден телефон од објавените огласи добивме информации, тоа требало да биде сторено и овде пред да се заклучи дека телефоните „или не постојат или никој не се јавува“. Така ќе се знае дали некој продава бубрег поради сиромаштија, дали станува збор за посредници во трговија со органи или нешто трето?

Девизата дека „хартијата трпи сѐ“ не значи дека секој што ќе чуе било што, без да го провери, да го пласира како вистинита информација. Ова се пресериозни информации за некој да се однесува несериозно.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

не е апликативно

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

не е апликативно

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

социјална

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести