verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Фото: Вака се протестира во Русија

on 21 - 10 - 2013       

kajgana_com_foto-vaka-se-protestira-vo-rusija-crop-resize

Непотребна и сосема погрешна аналогија е направена со констатацијата додадена на информација пренесена од други медиуми. Главната вест е објективно, но не и целосно пренесена во написот. Не е јасно што го инспирирало авторот да направи споредба со протестите, коишто цели две години беа организирани во македонскиот главен град, по повод убиството на Мартин Нешковски, а случајот беше затворен со судска завршница.

Рецензија: Фото_ Вака се протестира во РусијаЛинк до оригиналниот напис: Фото: Вака се протестира во Русија

Датум и време на објавување: 15.10.2013

Датум на рецензирање: 19.10.2013

Рецензент: Тони Димков

Вистинитост: Фактите пренесени во главната вест се точни и нивната веродостојност може лесно да се провери, бидејќи информациите за протестите се пренесени во голем број светски медиуми.

Извори на информации: Авторот на текстот не наведува ниту еден извор од кој е преземена информацијата. Покрај веродостојноста на фактите, останува нејасно дали истите се преведени од странски или пренесени од домашен медиум.

Содржајност: Написот во „кратки црти“ известува за настан на кој во светските новински агенции и електронски медиуми му е даден многу поголем простор. Минималното ниво на сеопфатност е задржано, а акцентот е ставен на галеријата со фотографии од настанот. Збунува последниот пасус со кој се прави аналогија со случај кој две години беше во фокусот на интересот на јавноста во Македонија. Забелешката на авторот ѝ дава сосема друг контекст на објавената вест.

Коментирање: Коментаторските елементи се конкретната причина за анализа на објавениот напис. Како заклучок авторот на написот констатира дека:

Оваа непријатна случка потсетува на убиството на Мартин Нешковски кај нас и протестите кои се случуваа во главниот град.

Од информацијата и фотографиите за случувањата во Русија станува очигледно дека  се работи за протести кои прераснале во жестоки немири и директен судир со полицијата. Протестите во македонскиот главен град беа мирни и во ниту еден миг не прераснаа во насилство. Иако и во двата случаи станува збор за убиство на младо момче, во македонскиот случај момчето беше убиено од страна на припадник на полициските специјалци во текот на партиска прослава по изборите во 2011 година. Во случајот во Русија момчето е убиено од непознат сторител за кој се претпоставува дека е имигрант од северен Кавказ, што на целиот настан му дава и националистичка димензија. Во скопскиот случај немаше национализам, туку напротив, граѓани со различно етничко потекло учествуваа во протестите. Барањата за задоволување на правдата се присутни во двата случаи, но поставени се на сосема различни основи. Оттаму, останува нејасно врз која основа авторот на написот прави аналогија меѓу протестите во Русија и во Македонија.

Оригиналност/Плагијат: Написот е делумна копија од агенциска вест, но не може да се одреди од каде е преземен. Авторот на написот е потпишан со иницијали.

Квалитет на насловот: Не може да се определи дали со насловот ненамерно или, можеби, свесно, се упатува порака чија смисла треба да се толкува со „читање меѓу редови“. Дилемата дали намерата со насловот била да се потенцира како се протестира во Русија, или, имајќи ја предвид аналогијата со скопскиот случај, да упати како треба да се протестира, останува отворена за толкување.

Фотографија: Написот е проследен со галерија од 12 фотографии кои ја илустрираат содржината на информацијата. Фотографиите се преземени од некој од светските сервиси, но не е наведено нивното авторство.

Заклучок: Пренесувањето на вестите од светските новински агенции или од домашните медиуми треба да биде што е можно поверно и попрецизно. Фактите секогаш треба да бидат издвоени од мислењата, а вестите од коментарот. Во овој случај за констатацијата на крајот од текстот сметаме дека е ставена каде што не и е местото, бидејќи демонстрациите во Русија се сосема различни од скопските протести.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести