verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: ФОТО: Шеќеринска се вози со луксузен џип

on 4 - 02 - 2014       

sekjerinska-dzip-098-000-crop-resize

Пред нас се наоѓа едно, во најмала рака, чудно писание. Иако содржи само три реченици, овој производ не говори за намера професионално да се информира, туку да се пропагира и да се спинува. Не е задоволен јавниот интерес, односно, не се одговара на прашањето што е спорно во тоа потпретседателката на СДСМ и пратеничка во Собранието на РМ, Радмила Шеќеринска, да се вози во луксузен џип. Од новинарски аспект, пак, спорно е тоа што не е контактиран ниту еден извор за да би му станело јасно на читателот во што се состои скандалозноста и помпезноста што овој текст вештачки се обидува да ја наметне.

recenzijataЛинк до оригиналниот напис: ФОТО: Шеќеринска се вози со луксузен џип

Датум и време на објавување: 30.01.2014, 17:07

Датум на рецензирање: 01.02.2014

Рецензент: Мирослава Бурнс

Вистинитост: Тежината на текстот е смешна, односно тезата дека „Шеќеринска се вози со џип“. Освен ако во тоа нема нешто спорно и криминално, во сериозен медиум ваквата констатација не може да се најде ниту во рубриката за енигматика. Оттука, ако треба да се разгледува вистинитоста на тоа дали Шеќеринска се вози во џип, треба да се разгледува и вистинитоста дека некој друг се вози со Бентли, а трет јаде кајгана со сирење за појадок. Бидејќи во сето тоа нема никаков јавен интерес, со оглед на тоа што текстот не навлегува ниту во сопственоста на џипот, односно не кажува чиј е, а го поврзува со Шеќеринска, тој остава спинерски траги во меморијата долго откако ќе се прочита. Ако сакаме да ја доведеме ситуацијата до апсурд, тогаш може да кажеме и дека од овие фотографии не се гледа дека Шеќеринска се вози во џипот, туку само дека влегува во него.

Извори на информации: Текстот се повикува на изјава без линк од друг медиум. Читателот практично не може да се увери ниту во кој контекст е направен прилогот на телевизијата на која се повикува порталот. Останатите две реченици се коментар.

Содржајност: Спин, спин и класичен спин. Несодржајноста оди дотаму што не се наведува ниту чиј е џипот, ниту зошто е вест тоа што Шеќеринска се вози во џип, ниту како тоа е поврзано со извршувањето на функцијата пратеник. Читателот би можел без никаква грижа на совеста збунето да продолжи да се прашува што е поентата на овој производ.

Пристрасност: Политичката пристрасност е, всушност, главната причина поради која е создаден овој текст, а не јавниот интерес. Тоа е очигледно и од смешниот начин на конструирање на трите реченици и од обидот без аргументи да се претстави дека Шеќеринска не ја кажува вистината, без притоа да се наведе ниту еден доказ, ниту еден аргумент, што е поентата во објавувањето на вест за тоа дека Шеќеринска се вози во џип. Умешниот автор одбегнува да каже чиј е џипот, но, се држи до шаблонот да ја претстави политичарката како жена што живее на висока нога.

Коментирање: Текстот е сувопарен, краток, сиромашен и смешен. Од трите реченици една е коментар.

Заменик претседателот на СДСМ, Радмила Шеќеринска не ја кажа вистината ниту за автомобилот со кој се вози.

Оригиналност/Плагијат: Сосема идентичен текст со фотографии е објавен во печатен медиум, но не може да се утврди кој од кого копи-пејстирал, поради тоа што печатениот медиум нема ниту датум, ниту време на објавување.

Квалитет на насловот: Сиромашен, wannabe „ја откривме Америка“ наслов, кој треба да биде зачеток на кампањата за изборите, како оцрнување на политичкиот противник на опцијата до која е близок медиумот. Од новинарски аспект, темата не е вест-вредна, освен ако авторот не понуди некои посензационални откритија, на пример, да започне со едноставниот одговор на прашањето, чиј е џипот.

Фотографија: За папараци фотографирањето е познато дека го привлекуваат вниманието повеќе од [to e вообичаенo. Но, во случајов, со папарацо фотографирањето, се прави обид да се направи од мува слон. Видливи се регистарските ознаки на автомобилот, што е проблематично.

Заклучок: Авторот невешто се обидува да ги изигра читателите за преку овој текст од три реченици да наметне недоветна теза дека политичарите не смеат да се возат со џип и дека тоа е „скандалозно“. Оние што знаат да читаат меѓу редови веројатно ќе забележат дека основната причина, поради која е објавена оваа вест, е да се добие впечаток дека Шеќеринска се расфрла со пари. Притоа, авторот не тврди дека џипот е на Шеќеринска, ниту пак тоа го докажува. Станува збор за гола пропаганда која треба да биде „одговор“ на неколкуте откриени имотни состојби на претставници на власта, со таа разлика што овде не се нуди доказ за тоа чиј „проблематичниот“ имот.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести