Рецензија: ФОТО: Над 100.000 граѓани на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје
Објавено во Рецензии
on 8 - 04 - 2014 Автор: Владо ЃорчевТемата со масовноста на политичките митинзи, посебно во предизборна кампања, најверојатно е стара колку и политиката. Секогаш оваа појава, а зачудувачки премногу во Македонија, се експлоатира од политичките ривали, како да станува збор за тоа колку гласови добиле на избори, а не колку луѓе донеле со автобуси. Сите политички партии, посебно за митинзите во Скопје, товарат автобуси со членови и ги носат до самото место на митингување. Затоа тука се спорни два елементи. Првиот, дали е точна констатацијата (преточена во наслов), дека во Скопје митингувале 100.000 граѓани, или, пак, е пореално да се каже дека во Скопје дошле на митинг 100.000 граѓани од цела Македонија. И вториот проблем е навистина колку луѓе имало. Каков што, впрочем, имаме и во текстот пред нас. И каде, кој и како може да ги преброи? Партиите точно знаат колку автобуси дошле во Скопје и тука математиката е проста. Ако во еден авотбус има 50 седишта, по бројот на автобуси ете ја бројката од членови на партија кои не се од Скопје. Но, колкумина дошле на митинг од главниот град? Е тоа не може да го пресмете ниту Гугл мапс.
Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Над 100.000 граѓани на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје
Датум и време на објавување: 05.04.2014, 21:48
Датум на рецензирање: 07.04.2014
Рецензент: Владо Ѓорчев
ВИСТИНИТОСТА НЕПРИЈАТЕЛ БРОЈ 1
Уф, вакви текстови зборот вистинитост воопшто не сакаат да го чујат. За нив тој збор е непријател број 1. Затоа и вакви текстови се најтешки за пишување. Причината е што секој човек е свесен за искажаниот збор, а за тоа најсвесен треба да биде новинарот. А, новинарите, ако ништ одруго, точно знаат кога пишуваат вистина, а кога не. Затоа, кога знаеш нешто дека не е вистина, или, еве, во најмала рака дека не може со сигурност да се потврди, задачата да се напише ваков текст е навистина траорна.
Како извори на информација служат неколкуте фотографии и „неофицијални пресметки“. И нешто како „според првичните проценки“… Не се знае дали се стручни, или се паушални.
Ова треба да е фото вест, на која најкоректно би било да не се расфлуваа со бројки. Затоа што бројките се немилосрдни. Доволно било да се стават фотографии и еве, да речеме, да се потенцира наслов (иако би бил спорен и реториката би се заменила со тврдење) од типот „Еве колку луѓе има на митингот во Скопје.“ Но овој текст не нуди такво нешто. Затоа, пак во Македонија има и други медиуми, кои се занимаваат и со ваква проблематика. Па трошат малку повеќе време и пресметуваат. А, воедно и Фејсбукот е полн со проценки, па еве ќе дадеме еден извадок за тоа (иако не е релевантен и не може да се каже дали е вистинит) како отприлика се пресметува масовност.
МАТЕМАТИКАТА НА ГУГЛ
Еве малку Гугл математика: Ако плоштадот „Македонија“ во Скопје има околу 7.700 квадратни метри, и ако од тоа се извади квадратурата на фонтаната „Воинот на коњ“, за митингување останува малку повеќе од 7.000 квадратни метри.
Е сега, ако имало 70.000 присутни, тогаш 10 луѓе на еден квадратен метар е навистина претесно, како во метро во Кина. Ако, пак биле 11.000, тогаш на митингот на опозицијата имало од 1,5 човек на еден квадратен метар. Тоа, пак, видео и фото материјалите не го покажуваат.
Ако земеме дека при вакви митинзи се смета некаков просек од 4 лица на еден метар квадратен, тогаш најверојатната бројка за присутноста на митингот е околу 25 илјади. (мкд.мк)
Текстот е пристрасен во голема мера. Всушност, само за пристрасност и се работи во веста затоа што не содржи ниту еден релевантен податок.
Насловот и текстот се, всушност, коментирачки и со тенденција да се наметне мислење. Текстот е оргинален на редакцијата. Насловот е ударен сензационален, пристрасен, и што е најбитно, неточен.
Фотографиите се од настанот, но не може ништо да се заклучи од нив. Тие треба да покажат масовност, ама манипулацијата со фотографиите е присутна и тука.
Вакви текстови како печурки после дожд има на тони. И најверојатно на Балканот постојано ќе ги има. Граѓаните веќе знаат што е приказната со митинзите и автобусите од цела Македонија. Сепак, кај оние кои и нема да се одлучат да проанализираат, може да остави некоја трага дека навистина било така. Иако за волја на вистината, повеќе ниту на стадиот не може да се знае колку луѓе дошле, а не пак на отворен простор.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални, анонимни
нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
креативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови