verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: ФОТО: Македонското знаме го веат и свети лица во Катхманду, Непал

on 29 - 10 - 2013       
Овој напис го има и на: Албански

Makedonskoto zname go veat vo Katmandu-crop-resize

Оваа фото вест на која се прикажани свети лица од Катманду од кои двајца држат шал со името Македонија, испишано помеѓу две ѕвезди од Вергина, има за цел да послужи како доказ дека, како што се вели на крајот на веста, “Македонија се сака од секој дел на Земјата“. Покрај тоа што ова е направено неуко, речиси аматерски, со крајно произволни и непоткерпени констатации, прашањето кое се наметнува е која е оправданоста оваа вест да биде пласирана во рубриката „Вести – Македонија“ на една национална телевизија?!  Особено што, очигледно, станува збор за една туристичка фотографија добиена од читателка од Австралија која под неразјаснети околности добива национално значење.

Makedonskoto zname go veat vo KatmanduЛинк до оригиналниот напис: ФОТО: Македонското знаме го веат и свети лица во Катхманду, Непал

Датум и време на објавување: 25 октомври 2013 – 15:59

Датум на рецензирање: 27 октомври 2013

Рецензент: Лилјана Митевска

Вистинитост: Текстот не базира на факти, туку на произволни интерпретации на контекстот на ситуацијата отсликана на фотографијата. Оттука, тоj неминивно остава чувство на неуверливост и нереална претстава за нештата, па дури и лична, исконструирана, монтирана и извртена „вистина“.

Извори на информации: Освен посочувањето дека изворот на фотографијата е читателка од Австаралија, текстот не располага со конкретни извори на информации, што донекаде е логично, бидејќи станува збор за фото вест, каде што изворите на информации често изостануваат.

Содржајност: Текстот не информира, туку интерпретира. Тој не базира на ниту еден извор на информации и оттука е комплетно несеопфатен. Но, заради специфичноста и необичноста на фотографијата, веста ја предизикува љубопитноста кај читателите. Бара да биде прочитана и покрај тоа што не нуди многу податоци, туку напротив, открива многу неодговорени прашања.

Пристрасност: Самиот избор да се објави оваа фотографија со многу спорни елементи, како на пример присутноста на античкиот македонски симбол – ѕвездата од Вергина, кој се интерпретира како да е официјален државен симбол, а, вушност, одамна не е во официјална употреба на земјава, е пристрасен.

„Од истата (фотографијата) се гледа како овие свети луѓе гордо го држат македонското знаме и името на нашата татковина на шал.“

Дали под македонско знаме се мисли на ѕвездата од Вергина?! Понатаму, толкувањето на боите на „носиите“ на светите луѓе од Катманду и обидот да се повлече „идентитетска“ паралела меѓу нив и нас, во најмала рака е смешен.

„Покрај тоа, интересно е што и нивните носии и бои на лицето се блиски со нашите национални бои – црвената и жолтата.“

Слободно може да се каже дека кај оваа фото вест се соочуваме со една новинарска неизбалансираност во пишувањето  па дури и извртување на вистината.

 Коментирање:

„Погледнете го доказот дека Македонија се сака од секој дел на Земјата.“

Тенденциозноста и произволните коментари се видливи во контекст на интерпретирањето на она што го гледаме на фотографијата. Всушност, кој гарантира дека овие луѓе воопшто знаат која е и каде е лоцирана Македонија? Тие го држат шалот со испишаното име, но може да постојат безброј интерпретации за тоа како овој шал се нашол во рацете на луѓето од фотографијата. Сепак, факт е дека тоа не ни е непобитно откриено од страна на авторот на текстот. Накратко, фотографијата сама по себе може да биде интерпретирана на најрзлични начини, таа не мора да е одраз на толкувањето избрано од авторот на веста.

Оригиналност/Плагијат: Станува збор за оригинален текст, но сосем неоправдан, па дури и неук. Авторот ги коментира постапките на светите лица од Катманду, но ниту името на градот не е транскрибирано правилно, туку е направен механички и буквален превод од англиското: Kathmandu.

Квалитет на насловот: Насловот е наводно информативен, но нагласено сензационалистички и отворено ја предизвикува љубопитноста кај читателот.

Фотографија: Читателката од Австралија ја пратила фотографијата, но во текстот не е наведено дали таа е автор на фотографијата. Иако е доволно интригантна сама по себе, од оваа фотографија не може да се утврди вистината, осносно кој е контекстот на претставената ситуацијата. Но, со неа очигледно се манипулира ако се земат предвид слободните интерпретации на авторот на оваа фото вест.

Заклучок: Главната теза на веста дека “Македонија се сака од секој дел на Земјата“ е очигледно во функција на засилување на чувството на патриотизам. А, нејзиниот пласман во рубриката Вести – Македонија на национална телевизија доаѓа непосредно по добивањето на последната, петта по ред препорака за отворање на пристапни преговори за интегрирање во Европската унија, во која повторно решавањето на спотот со името е клучно. Оттука појавата на оваа вест не може да се објасни на ниеден друг начин освен да се биде дел од серијата на написи врзани за проблемот со името кој ги условува пристапните преговори. Намената на веста не е да информира, туку да пласира тези, па макар и смешни, во контекст на подршката која ја ужива Македонија во светот во поглед на прашањето за името. И, со тоа таа добива и пропагандистичка димензија.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

селективно наведен автор (извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести