verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Лилјана Митевска

Рецензија: ФОТО: Македонското знаме го веат и свети лица во Катхманду, Непал

на 29. 10. 2013 | | sq
Оваа фото вест на која се прикажани свети лица од Катманду од кои двајца држат шал со името Македонија, испишано помеѓу две ѕвезди од Вергина, има за цел да послужи како доказ дека, како што се вели на крајот на веста, “Македонија се сака од секој дел на Земјата“. Покрај тоа што ова е направено неуко, речиси аматерски, со крајно произволни и непоткерпени констатации, прашањето кое се наметнува е која е оправданоста оваа вест да биде пласирана во рубриката „Вести – Македонија“ на една национална телевизија?!  Особено што, очигледно, станува збор за една туристичка фотографија добиена од читателка од Австралија која под неразјаснети околности добива национално значење. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Македонското знаме го веат и свети

Рецензија: Борис Кондарко, претседателот на ДИК најверојатно ќе си поднесе оставка

на 21. 10. 2013 | |
Навестувањето на евентуалната одлука на претседателот на ДИК, Борис Кондарко, да си поднесе оставка, која доколу се реализира би имала сериозна рефлексија врз текот на одредени битни општествени случувања како што е (не)одржувањето на избори, е во фокусот на овој прилог. Текстот има тенденција да обработи една важна тема од политичкиот живот на земјава, но тоа го прави на безмалку ноншалантен и површен начин ако се земат предвид базичните стандарди на новинарското работење. Станува збор за вест во која не е контактиран ниту еден извор на информации, вклучувајќи ги и оние на кои најдиректно се однесува, а изјавите врз кои се базира веста се преземени од друг медиум, во конкретниов случај 24vesti.mk и тоа пренесени или искоментирани вон оригиналниот контекст

Претплатете се за најнови вести