verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: СДСМ избра претседател на партиската младина и слави со српска песна

on 29 - 10 - 2013       
Овој напис го има и на: Албански

netpress_com_mk_mk_vest_asp_id141283kategorija31-crop-resize

Уште од самиот наслов „СДСМ избра претседател на партиската младина и слави со српска песна“, е видливо дека намерата не била да информира кој е новиот лидер на младите социјалдемократи, туку да се потсмева,  иронизира. Впрочем, самата содржина на веста од само неколку реда тоа и го потврдува.

FireShot Screen Capture #015 - 'СДСМ избра претседател на партиската младина и слави со српска песна - Net Press' - www_netpress_com_mk_mk_vest_asp_id=141283&kategorija=3Линк до оригиналниот напис: СДСМ избра претседател на партиската младина и слави со српска песна

Датум и време на објавување: 27.10.2013 – 19:04:44

Датум на рецензирање: 28.10.2013

Рецензент: Оливера Војновска

Вистинитост:  Стефан Богоев е избран за претседател на младината на СДСМ, и веста во тој дел е вистинита. Понатаму таа се заснова на анонимни кажувања чија веродостојност не може да се утврди.

„Интересно е што по изборот на новиот претседател на партиската младина, големо славје се случило во дворот …“

Извори на информации: Не се спомнуваат конкретни извори кои присуствувале на изборот на новиот лидер на подмладокот на најголемата опозициска партија. Во материјалот се прераскажани само нечии видувања, импресии и впечатоци од настанот.

Содржајност: Написот не нуди целосна информација за читателот, туку е резултат на една субјективна перцепција. Последната реченица од оваа кратка вест:

 „Славењето било проследено со пеење  на песната „Рачунајте на нас““

треба да го оправда насловот и да им сугерира на читателите дека социјалдемократите не слават со македонски, туку со српски песни. Што пак, треба да алудира на тоа дека не се баш патриотски настроени.

Пристрасност:  Со самата конструкција на веста,  вклучително забележливите елементи на иронизирање,

„видлива била и големата радост на присутните небаре победиле на избори“,

се остава впечаток на политичка наклонетост, без воопшто  да се сака да постигне објективност и баланс.  

Коментирање: Спротивно на амандманот 13 од новинарскиот Кодекс тука се мешаат фактите и мислењата, веста и коментарот.

Оригиналност/Плагијат: Наведено е дека се работи за редакциски текст.

Квалитет на насловот: Насловот привлекува внимание, со ставањето акцент на „слави со српска песна“ претендира да биде и провокативен.

Фотографија: Веста е илустрирана со фотографија од седиштето на СДСМ, но таа не ја покажува атмосферата на славење  пред централата на социјалдемократите опишана во написот.

Говор на омраза: Нагласувањето дека социјалдемократите преферираат српска музика, може да се протолкува и како тенденција за дискриминирање преку обид за создавање на стереотип за цела партија.

 Заклучок: Делови од написот содржат конструкции, кои редакцијата се обидува да и ги сервира на јавноста  како вистина, иако се забележува дека се работи за паушални толкувања. Материјалот содржи елементи на една вест, но стилот и начинот на кој таа е стокмена укажува на тенденциозност.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно точни

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

впечатлив

провокативен

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

на граница да дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести