verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: ФОТО Функционери на СДСМ и луѓето на СОРОС дел и од денешниот протест

on 23 - 12 - 2014       

ФОТО  Функционери на СДСМ и луѓето на СОРОС дел и од денешниот протест-crop-resize

 

Граѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест без претходно пријавување и без посебна дозвола. Користењето на ова право може да биде ограничено само во услови на воена и на вонредна состојба.

Ова е член број 21 од Уставот на Република Македонија, кој на граѓанинот му го гарантира правото на јавен протест без ничија дозвола.

ФОТО  Функционери на СДСМ и луѓето на СОРОС дел и од денешниот протестЛинк до оригиналниот напис: ФОТО Функционери на СДСМ и луѓето на СОРОС дел и од денешниот протест

Датум и време на објавување: 22.12.2014

Датум на рецензирање: 23.12.2014

Рецензент: Мирослава Бурнс

„Лицата кои протестираа со земјоделците, тутунарите, средношколците, стечајците и студентите денес повторно излегоа да ги бараат своите права во функција на “хонорарци“.“

Формулацијата „во функција на хонорарци“ може да остави впечаток за сомневање од страна на непотпишаниот автор за тоа дали лицата на кои се осврнува се навистина хонорарци. Дали тие се или не се хонорарци, поради погоре цитираниот член од Уставот, е ирелевантно. Непотпишаниот автор го потврдува своето сомничаво стојалиште со интерпункциските знаци што ги користи (наводници), но не прави обид да земе изјава од лицата за кои пишува и да ги праша дали се хонорарци, зошто се на протест и дали можеби тоа го прават од лични или солидарни и социјално-одговорни мотиви.

„Лица блиски до опозицијата и на денешниот протест оставија сомнителна дамка која се коси со најавите дека „хонорарците“ денес самоиницијативно излегоа на улица да се побунат против еден предлог-закон.“

„Залудни беа набилданите бројки на медиумите финансирани од СОРОС кои самите си ги демантираа сопствените текстови менувајќи ги бројот на присутни во своите вести. Евидентното беше присуство на функционери на СДСМ и новинари блиски до нив.“

Единствено прифатливо за новинарските стандарди би било да се докаже и аргументира дека „овие лица оставиле дамка“ или текстот да се смести во жанрот колумна став, или мислење. Не се кажува колку луѓе присуствувале на протестот, но затоа се користи можност да се квалификуваат бројки на други медиуми како „набилдани“. Професионално би било да се даде бројката што била присутна според непотпишаниот автор, па конкретната бројка што според него била зголемена и за тоа да се приложи видеоматеријал за гледачот сам да се увери во веродостојноста. Причинско-последичниот однос меѓу бројот на присутни и тоа дали биле функционери и новинари блиски на СДСМ не постои и во текстот се остава впечаток дека е наведен за да ја засили спинерската техника на фрагментација (се земаат податоците што на некој центар му одговараат, а се игнорираат други факти за да се добие определена слика во корист на центарот).

„Лидија Димова имаше шанси да покаже грижа за граѓаните. Особено за оние граѓани кои гласаа за нејзината партија, а кон кои покажа големо непочитување. Димова седи дома, а зема плата од македонското Собрание. Таа одби да работи во корист на граѓаните, а на функцијата пратеник за која е платена нема одработено ниту еден ден. Оваа политичарка на СДСМ, нема никакаква врска со хонорарците, а уште помалку е дел од нив.“

Во дискурсот се содржани сериозни обвинувања за негрижа на поединци кон луѓето, од кои не се исклучува некој да се најде навреден.

Коментарите се тенденциозни (се разбира, таква им е природата – да одбранат „страна“), но и чудни. Со ништо не се докажува дека Димова нема врска со хонорарците. Во секој случај, принципот на солидарност е апликативен на сите граѓани во демократското општество.

Членот 13 од Кодексот налага:

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

 

„Борјан Јовановски е долгогодишен новинар во опозициски медиуми и човек близок до раководството на СДСМ. Не е јасно зошто тој излезе да протестира денес борејќи се за правата на хонорарците. НОВА ТВ денес не знаеше колку луѓе се излезени на улица, па самите ги менуваа бројките во една иста вест. Дали Борјан Јовановски ги брифирал директно од терен, па бројката од првично 500 лица, чудесно порасна на 3.000 лица по нечија наребда?“

Кој го тврди ова? Нема ниеден извор што се согласува со ваквите тврдења на текстописецот.

Членот 1 од Кодексот налага

Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.До колку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

Забележлива е коментаторска, спинерска и непрофесионална основа на која е констатирано дека „Нова не знаеше колку луѓе беа излезени на протест“. Непотпишаниот автор не се јавил во редакцијата да праша зошто и дали бројките се менувале. Уште еднаш, се поставува „реторичко прашање“ кое го одразува пристрасниот став на непотпишаниот текстописец.

„Ниту Јани Макрадули не пропушти да присуствува на протестите. Неколку реда зад него протестираше и Ѓунер Исмаил, член на Советот за култура на СДСМ кој неодамна изјави дека „СДСМ со крв ќе наплаќа кога ќе дојде на власт“. Во силната желба да дојде на власт, Ѓунер Исмаил денес протестираше и со хонорарците, за протестот да добие на масовност.“

Се издвојува една група на луѓе по однос на политичка или партиска припадност. Се утврдуваат мотивите на Исмаил, без да се побара од него став дали излегол на протест за масовност или за остварување на некое право или за солидарност или, можеби, за некоја друга причина. Формулацијата „не пропушти да присуствува“ е спорна, зашто покажува стојалиште на исклучивост, на неаргументирана критика.

Методите на супресија на протестите ги анализира професорот Брајан Мартин

„Девалвација вклучува каков било метод на дискредитација на оние што протестираат, вклучувајќи го тука и етиктирањето, цирклулацијата на штетни приказни, честопати неважни или извртени – за лидерите на протест или тривијализација на важните прашања. Други се таргетирани така што се прави слика дека се поврзани со непријатели на државата. Погрешната интерпретација е употреба на факти и аргументи во нефер стил. Ова вклучува лаги за позициите на движењето и обвинување на активистите за нешта за кои тие не се виновни“, пишува тој во својот труд.

Кодексот на новинарите во членот 14 налага известувањето од политичките процеси, особено од изборите да биде непристрасно и избалансирано.

Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

Можеби најважното во дадената ситуација e тоа дека:

Новинарот има право да одбие работна задача до колку е во спротивност со принципите на овој Кодекс. (член 17)

Од насловот до крајот на изнесеното се забележува тенденција да се претстават протестите преку една, сегментирана димензија, а тоа се прави без извори, односно врз основа на фотографии. Се остава впечаток дека се полемизира со „противник“, а не дека се информира како примарна функција на новинарството.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

и точни и неточни

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести