verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Ексклузивно: Љубов меѓу „старлета“ и пратеник од владејачкото мнозинство?!

on 6 - 12 - 2013       

ps_000000_0000000002222-crop-resize

Основниот проблем на овој текст е тоа што е „празен“ со факти, а поради тоа и неуверлив. Се насетува намерата да се создаде слика дека демохристијанските вредности претставувани од владејачката партија се погазени со однесувањето на нејзин пратеник, чие име не се обелоденува. Авторот самиот признава дека ја преминува границата на приватноста, дека не ја завршил својата работа на проверка на фактите и дека тоа е причината поради која не го објавува идентитетот на инволвираните:

„Имињата и на старлетата и на пратеникот и се познати на редакцијата, но бидејќи немаме потврда, а и за да не се мешаме во приватноста не ги објавуваме“

Иако јавните личности со самото прифаќање на функцијата се откажуваат од дел од својата приватност и би требало да бидат подготвени на поголема критика поради функцијата што ја извршуваат, сепак, овде не може ниту да се анализира тој аsпект поради фактот што нема инволвирани. Авторот ги поттикнува читателите да го погодуваат идентитетот на пратеникот и на старлетата, што е несериозно.

psЛинк до оригиналниот напис: Ексклузивно: Љубов меѓу „старлета“ и пратеник од владејачкото мнозинство?!

Датум и време на објавување: 29.11.2013; 20:14

Датум на рецензирање: 3.12.2013

Рецензент: Мирослава Бурнс

Вистинитост: Авторот признава дека нема потврда за вистинитоста на она што го изнесува. Всушност, од текстот не може да се забележи ниту дека постоел обид да се добие потврда. Покрај тоа, на јавноста не ѝ се дава ниту одговорот на петте основни новинарски прашања, што е еден од главните предуслови за постоење вест.

Извори на информации:  Изворите се анонимни и неофицијални, а презентирани со формулациите кои оставаат впечаток на шпекулирање и непостоење ниту обид да се верифицираат информациите.

Содржајност: Текстот е сиромашен во однос на фактите, сиромашен во однос на исполнување на основната функција да информира, нема изјави, нема извори и може да се толкува како гласина.

Пристрасност: Се насетува политичка пристрасност.

 Коментирање: Шаблонскиот почеток на содржината што претендира да биде информативна содржи манипулација. Како „доказ“ за воопштената констатација дека нашите политичари не се имуни на убави девојки и прељуби, се нуди информација до која дошол порталот, а која не се однесува на конкретни личности.

„Ниту нашите политичари не се имуни на убави девојки и прељуби. Доказ за тоа е и информацијата до која дојде Либертас дека македонска старлета, актуелна во последно време, е во тајна врска со пратеник и тоа од владејачкото мнозинство во македонското собрание.“

Се доведува во прашање моралноста на група, преку поединец на кого не му се открива идентитетот:

„Останува да погодувате кој е македонскиот Берлускони? Не е јасно дали ваквото, како што рековме, се уште непотврдено однесување на инаку, барем на изглед стамениот и стабилен пратеник, и е познато на партиското раководство и на лидерот“

Оригиналност/Плагијат: Станува збор за оригинален текст, што е евидентно и од насловот во кој се најавува ексклузива.

Квалитет на насловот: Насловот е сензационалистички. Содржи зборови кои се примамливи за читателот да ја отвори содржината и најавува содржина до која ексклузивно дошла редакцијата.

Фотографија: Објавени се две фотографии во склоп на текстот, кои се илустрации без значење, симболизираат мистериозност и дополнително го доведуваат во прашање кредибилитетот на изнесеното.

Заклучок: Голема е разликата меѓу вестите од јавен интерес и вестите кои предизвикуваат интерес кај јавноста. Останува нејасна намерата и целта на оваа објава, ако се има предвид дека не содржи одговор на ниту едно од петте новинарски прашања. Кога ќе заврши со читање, читателот не е информиран. Написот остава впечаток на несериозност и шпекулативност, што може да ја сруши довербата кај читателот, а и да нанесе штета на некој што е препознатлив и одговара на описот на групно опишаните инволвирани страни.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

неофицијални, аноними

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести