verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: ФОТО: Хомосексуалци во Скопје

on 6 - 12 - 2013       

2-Netpres_0000_0000000000000023456-crop-resize

Малку, или, пак, многу недостасуваше за оваа фото-сторија да мине „мазно“. Честитки за темата која ја обработува, иако станува збор за преземен материјал, а уште поголеми честитки за луѓето кои се решиле не само низ зборови да ја раскажат својата приказна, туку и преку фотографии да го „разголат“ својот живот.

Храброст или лудост е во денешницата која нѐ опкружува и атмосферата која се наметнува, не еден, не двајца, туку неколкумина отворено да зборуваат за својата сексуална определба. Дека сликата заменува 1.000 зборови навистина покажува овој случај – мајсторија низ објектив да се долови она што преку пишан збор малкумина го можат: чувства, емоции, болка, среќа, радост или накусо живот. Сѐ ќе беше добро ако некој, меѓу другото, не си ја дозволеше „непонодносливата леснотија“ и на ова фото-издание да му го залепи проблематичниот наслов.

ФОТО Хомосексуалци во СкопјеNet PressЛинк до оригиналниот напис: ФОТО: Хомосексуалци во Скопје

Датум и време на објавување: 03.12.2013  09:05

Датум на рецензирање:  04.12.2013

Рецензент: Владимир Мирчески

Вистинитост: Генерално нема проблем во овој сегмент, бидејќи станува збор за преземена фото-приказна, а фотографиите се коректно пренесени. Но, сепак, има одредена фалинка, некој можеби би рекол и сериозна. Ако се прочита оригиналот ќе се забележи дека во него има одредени воведни цитати од самиот автор – фоторепортер во кои тој остро ги нотира проблемите со дикриминацијата врз сексуална основа во Македонија. Овие цитати во пренесениот текст ги нема. Зошто? Нема одговор.

Содржајност: Не ја барајте во зборовите, туку во сликите. Моќта на содржината овојпат е во фотографијата.

Пристрасност: На прво гледање би се кажало дека нема пристрасност. Но, тоа можеби е само привидно. Отсуството на конкретните оригинални цитати во овој пренесен текст, како и формулацијата на насловот, не ја исклучуваат можноста за одреден степен на, ако не приклонување, тогаш отстапување од објективната линија.

Оригиналност/Плагијат: Во текстот не се крие дека станува збор за материјал преземен од economist.com.

Квалитет на насловот: Еве го главниот проблем. Насловот, намерно или ненамерно е во форма: „На, еве ги, видете ги“. Значи, има елементи на жигосување или едноставно речено „Ова се главните ѕвезди во циркусот во Скопје“. Сосема несоодветен за содржината на текстот и квалитетот на фотографиите. Еден уметник се потрудил да го фати моментот, а некој тоа го уништил со „полициски“ наслов. Оригиналниот наслов е „Gay in Macedonia“ што е светлосни годни од „ФОТО: Хомосексуалци во Скопје“. Во првиот случај се навестува дека ќе се зборува за тоа што значи да си хомосексуалец, во еднина, во оваа земја, а во вториот како да се кажува „Внимавај, заболени, во множина!!“. Голем минус.

Фотографија: Многу кусо: извонредни.

Заклучок: Сакале да признаеме или не, факт е дека живееме во општество со многу фобии. Хомофобијата е една од нив. Во услови кога хомосексуалците се цел на закани, кога ЛГБТ-центарот е постојана мета на насилници, кога општеството мака мачи да „свари“ што значи хомосексуалец, навистина е чудо, дел од нив јавно, без задршка да застанат пред фотоапаратот и отворено да кажат кој се и што се. Затоа, ваквата фото-сторија, навистина прво објавена во странски медиум, е право освежување, која во Македонија е пренесена прво и пред сѐ со „начнат“ наслов. Штета.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

не аплиактивно

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести