verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Дел од хонораците се собраа на протест

on 17 - 02 - 2015       

Дел-од-хонорарците-се-собраа-на-протест-I-Република-Onlin_-http_republika-crop-resize-002

 

Основната цел на оваа медиумска содржина е минимизирање на протестот на хонорарците (13 февруари 2015 година) и креирање слика дека спласнува незадоволството поради новото и прилично нејасно законско решение, со кое од први јануари оваа година се плаќаат придонеси и за хонорарите. Всушност, на читателите им е понуден лош текст, илустриран со одлични фотографии, кои содржат таква силна енергија што ги „нокаутира“ содржинскиот дел и промашениот наслов со кој е озаглавена оваа фото-вест.

Дел од хонорарците се собраа на протест I Република Onlin_ - http___republika.mk_Линк до оригиналниот напис: Дел од хонораците се собраа на протест

Датум и време на објавување: 13.02.2015, 16:08

Датум на рецензирање: 14.02.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

МАРГИНАЛИЗАЦИЈА

Намерата да се маргинализира протестот се гледа уште во самиот тертман на настанот за кој се отстапени цели десет реда! Од нив, во две третини од текстот  се величаат најновите законски измени, кои Собранието ги усвои два дена претходно (11 февруари 2015 година) по скратена постапка, а со кои се предвидени одредени олеснувања за лицата кои се вработени и дополнително земаат хонорари, а за невработените  – намалување на сумата на која треба да се плаќаат придонесите.

Па, наместо да се пренесе атмосферата и главните поенти од протестот, во оваа содржински скудна вест се вели:

„Очигледно, законските измени кои предвидуваат вработените лица кои земаат хонорар до висината на една просечна плата, да не плаќаат придонеси, со оглед на тоа дека се веќе вклучени во редовниот систем на социјално осигурување, а лицата, пак, кои се невработени да плаќат придонеси само за износот што го надминува прагот од 9.590 денари, убеди многумина дека законското решение е во интерес на сите хонорарци.“

Меѓутоа, наспроти ваквиот паушален заклучок, хонорарните соработници порачаа дека ваквите обиди на власта се само козметички замачкувања на суровата реалност. И, оценувајќи го Законот како неприменлив, лош, дискриминаторски, тие побараа негово повлекување, а Инспекторатот за труд да врши засилени контроли и на тој начин да се отстранат случаите на прикриен работен однос. Учесниците на протестот побараа да нема горна граница на приходи над која не се плаќаат придонеси.

 

ВИСТИНАТА БЛИКА ОД ФОТОГРАФИИТЕ

Фактички, во содржинскиот дел на овој необјективен и некоректен материјал, не е пренесена ниту една порака или настап на некој од говорниците на протестот. Ниту, пак, во него може да се прочита некоја од паролите испишани на транспарентите на учесниците.

Но, затоа на самиот почеток е видлива тенденцијата протетсот да се претстави како неуспешен и млак. Имено, иако во првата реченица се кажува дека хонорарците повторно протестирале, веднаш потоа се истакнува дека протестот имал „драстично намалена посетеност и слаба поддршка“. Што е неточно.

Повеќе медиуми ја пренесоа атмосферата од протестот и информираа за присуство на новинари, актери, сликари, музичари, преведувачи, претставници и на членови на повеќе синдикати, граѓански здруженија и на движења и на други невладини организации. А, впрочем, каква била посетеноста и жестината на протестот многу добро се гледа и од илустрациите на овој  материјал, кои се добрата страна на написот што го рецензираме.

Ваквите впечатливи фотографии, од кои како да блика сета енергија манифестирана на протестот, можеле да послужат за одлична фото-сторија, но, за жал, таа шанса е пропуштена.

Наместо тоа, неименуваниот автор на оваа необјективна информација се обидел да спинува и да ја манипулира јавноста. Само, овојпат, вистината не може да се замагли. Таа премногу јасно извира од сликите, кои ја демантираат тезата што се турка со веста.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести