verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Бокрош – Македонија е интересен пример за спроведување на економски реформи

on 18 - 03 - 2013       

.

„Македонија е интересен пример за спроведување на економски реформи, оцени унгарскиот европратеник Лајош Бокрош, кој е еден од водечките реформатори на унгарската економија во 90-тите години.“

Рецензија: Бокрош - Македонија е интересен пример за спроведување на економски реформиОва е воведот во прилогот од Вашингтон за собирот на конзервативците од целиот свет, каде насловот е извлечен од текст, во кој на прашањето на македонската економска политика одвај да има една десеттина од текстот, во кое нема објаснување зошто Македонија е интересна за опсервација. Во воведот на текстот стои само дека Бокрош мисли „дека Македонија веќе има полза од овој нов вид на либерално и конзервативно размислување. Ние во Европа мораме да ги обновуваме батериите на пазарната конкуренција, додека Македонија направи значителен напредок во тој план“.

Ова е текст кој во контекст на целината, содржи изјава со која среде изборна кампања се настојува да се добие меѓународна поткрепа за економската политика на власта, но во него нема ниту еден факт зошто македонскиот пример би требал да се следи во ЕУ или светот и кои се конкретните резултати од политиката на ниски даноци која се води во земјава.

Особено кога сме пред очевидни докази за бегство на странскиот капитал од нашите „поволни услови“ (заминувањето на Џонсон контролс, кое се најави деновиве, а кое беше пример со кој екипата на Груевски се перчеше), на празните плацови за странски инвестиции, кои се претставуваат секој ден од власта, па изјавата треба да служи за маркирање на вистинските и бројни проблеми со кои се соочува домашната економија, во однос на предизвиците кои постојат.

Значи, со овој текст на МИА, објавен во повеќе медиуми (Сител, Утрински, Курир, НЕТпрес) се јавува спинување со вметнување на една „научна“ колоквијалност кон соговорникот (новинарот) во закрила на еден голем собир како што е конференцијата на конзервативниот политички акциски комитет (КПАК) во Вашингтон, кој во основа е идеолошки, а не стручен.

Линк до оригиналниот напис: Бокрош – Македонија е интересен пример за спроведување на економски реформи

Датум и време на објавување: 17 март 2013

Датум на рецензирање: 17 март 2013

Рецензент: Љубомир Костовски

Вистинитост на факти: Неколкуте реченици на европратеникот, кои се конвенционални и површни, не се базираат на ниту еден факт кој би го потврдил исказот, што се очекува од научник од претставениот калибар. Имено, не е видливо како ниските даноци се одразиле на влезот на странски капитал, што се имплицира со цитатот, потоа како тоа влијаело евентуално на скокот на БДП-то, зголемувањето на вработувањето и на другите конкретни социо-економски параметри.

Извори на информации: Изворот се обратил на еден политичар, од многуте кои таму постоеле, што однапред говори за селективност во тоа богатство на присутни мислители на собирот во Вашингтон, на таа конзервативна елита. Се обратил на политичар од земја чија влада е пријател на премиерот Груевски, но и истовремено е мета на критики од мнозинството во Брисел.

Професоровото мислење е завиткано во една официјална обланда и не е поткрепено со никаков доказ во прилог на тезата и е изречено како дел од нерелевантноста на околностите кои можеме да ги замислиме (што би се нарекло – патем изречена оценка).

Мислењето на европратеникот, проф. Бокрош е дел од доктрина за хиперслободна пазарна економија на сметка на онаа која делумно се контролира од државата, а за што не е дадена предлошка, во контекст на тоа каде тука се наоѓа Македонија на економски план и од каде извира оценката дека државата кај нас не се меша во функционирањето на пазарот!

Содржајност: Текстот нема ниту иницијална намера да биде сеопфатен односно посодржаен, бидејќи, за авторот поважно било да добие каква било потврда за успешноста на економските политики на власта, отколку да влезе во аналитичка проценка или одбрана на изнесената теза на пратеникот.

Изнесените премиси на професорот (ниски даноци, немешање на државата во пазарниот амбиент) не се издржани за користење за да се добие каков било заклучок. А површноста на конверзацијата е сама по себе несеопфатна, а со неколку куртоазни фрази се настојува да се „покрие“ една голема област за (не)успешноста на економските политики во земјава.

Пристрасност: Тезата дека државата не се меша во економската политика е целосно неточна. Државата кај нас има целосна контрола на домашниот пазар, бидејќи, буџетот е околу половина на БДП-то, па оттаму власта ги контролира сите можни лостови (потрошувачка, распределба, платежна моќ, конкурентност на пазарот).

Постои двојство кон инвеститорите (страниците се фаворизирани кон домашниот капитал кај инвестирањето, домашните стопанственици немаат навремен поврат на ДДВ-то и слично), што генерално значи дека државата кај нас не гарантира слободен пазар во никој случај, а евентуално преку тезата на европратеникот Бокрош може да се престави како пример во спротивна насока – дека демохристијаните водат политика на целосна контрола врз пазарните механизми!

Коментирање: Немањето коментар е израз и на фактот дека изјавата е содржана во една седмина од вкупниот текст, значи се пренагласува изјава која не треба да се „бушави“ со какви било додатни „апликации“.

Квалитет на насловот: Насловот исфрла една, маргинална по присутноста, тема во однос на целиот комплекс на содржината на веста од Вашингтон (11 редови од близу 80), која информира за сите теми кои биле присутни на собирот. Таа дезинформира бидејќи не ја оправдува сензационалноста на поддршката на нашата власт со содржината внатре, а не е креативен бидејќи преставува само цитат на изјавата на професорот Бокрош, кој пак сам по себе не мора да значи експлицитна поддршка за екипата на Груевски (зборот „интересно“ не содржи квалитативна проценка и може да значи и нешто сосема спротивно).

Фотографија: Фотографијата е портрет на наведениот европратеник и од неа не може да се „прочита“ дали е дел од амбиентот на собирот во Вашингтон или едноставно е извлечена од Интернет. Стои дека текстот и сликата се преземени од МИА. Со оглед на должината на текстот би требало да имаме и слика од собирот, како сведоштво на автентичноста.

(2) Рецензија: Бокрош - Македонија е интересен пример за спроведување на економски реформи

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести