verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Богати жени доаѓаат во Македонија за секс

on 15 - 01 - 2014       

skaj-000099876000-00987600-crop-resize

Оценувајќи според изборот на темата, оскудната аргументација и стереотипот што го носи со себе овој текст, сосема е логично да се заклучи дека тој е банален и сериозно неиздржан. Ниеден навод не е поткрепен со доказ, па дури ни со извор, освен ако не се земе предвид тоа дека медиумот  се повикува на словенечки весник. Меѓутоа, како што повеќе пати сме пишувале, повикувањето на друг медиум како извор, воопшто не го амнестира од одговорност за изнесеното и пренесувачот.

skajЛинк до оригиналниот напис: Богати жени доаѓаат во Македонија за секс

Датум и време на објавување: 09.01.2014, 13:02

Датум на рецензирање: 13.01.2014

Рецензент: Мирослава Бурнс

Вистинитост: Ништо од текстот не може да се докаже како вистинито, освен некритичното пренесување. Доколку новинарот процени дека во текст од друг медиум постои доволно аргументација, доволно извори, приложени докази или, пак, обиди да се докаже некое тврдење, тогаш тој се чувствува посигурен да поверува во вистинитоста на изнесеното. Овде случајот не е таков. Напротив. Новинарот сосема го изоставува фактот што пренесува сензационалистичка „празна“ информација. Кон таквата околност битно придонесува и тоа што цитираниот медиум е странски, така што веројатноста дека читателите ќе се ангажираат да проверат каков е оригиналниот текст и да го споредат со преводот е мала.

„Во Македонија доаѓаат богати туристки од целиот свет затоа што тука им се нуди „романса со локални момчиња“, пишува словенечкиот весник „Финанце“.“

Од ова се имплицира дека жените што се богати им плаќаат на момчињата во Македонија за романса што е крајно неиздржано тврдење, непоткрепено со изјава. Не може да постои статистика за „параметрите“ степен на богатство поврзано со секс. Веста понатаму е и нерелевантна. Што го тера авторот да се посомнева дека и сиромашни туристки доаѓаат во Македонија за секс? Во Македонија секојдневно доаѓаат туристки за најразлични потреби, па сосема е нејасно од каде е потребата да се насочи вниманието кон секс-туризмот.

Извори на информации: Како извор се посочува словенечкиот весник „Финанце“ и тоа во една реченица, а понатаму целиот текст е превод од оригиналот.

Содржајност: Содржински разгледуваме „празен“ сензационалистички и текст кој наликува на чаршиски муабет. Ваквиот текст не е вест-вреден, зашто не посочува ништо, освен воопштени заклучоци неврзани за докажливи факти. Нема ниту одговори на основните прашања преку кои би се дошло до поголема веродостојност: кој ја нуди наводната „романса со локални момчиња“, каква е законската рамка за сексуалната работа во Македонија, од каде е податокот дека „богати туристки од целиот свет“ доаѓаат во Македонија за романса. На крајот, медиумски писмен читател нема да му поверува на овој текст, се додека авторот не се потруди да го докаже спротивното, вршејќи си ја работата, односно обидувајќи се да ги докаже наводите.

Коментирање: Тешко е да се пронајде потврда за информациите во овој текст.

Коментирањето е интегрирано и постои обид да се претстави како „факт“. На пример:

„По ваквиот секс-туризам покрај Македонија познати се и Италија, Грција, Шпанија, Турција и Хрватска“.

Иако авторот се труди да го подметне ова тврдење како факт, а не како коментар, сепак станува непополнета празнината на изворот на оваа информација и неговиот кредибилитет.

Оригиналност/Плагијат: Иако се повикува на весник од Словенија, медиумот не го користи стандардот за поврзување со линкови.

Квалитет на насловот: Иако се однесува на содржината на текстот, насловот е сензационалистички, непримерен и некоректен. Тој може да придонесе да се засилат стереотипите.

Фотографија: Станува збор за сексистичка фотографија од која треба да се заклучи дека богатите жени се надмоќни и фантазерки.

Заклучок: Треба да се прави сериозна селекција и редакциите да се водат од кредибилитетот на медиумот на кој се повикуваат, но и да водат сметка дали во текстот што го преземаат има обид за аргументирање на тврдењата. Бидејќи тоа не е направено, овој текст наликува на „чаршиски муабет“.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

нерелевантни

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести