verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Акцијата „Претседавач“ е именувана според функцијата на Шиповиќ во „Машинопромет“

on 14 - 10 - 2013       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot-Screen-Capture-155-Акцијата-„Претседавач“1

„Тврдењата на претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев дека по името на акцијата „Претседавач“ може да се заклучи дека акцијата е политички мотивирана, се невистина и претставуваат замајување на јавноста, велат извори од МВР.“

Повикувајќи се на неименувани извори во полицијата текстот настојува да го одржува во живот тврдењето на власта дека потерата по првиот човек на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ не е политички мотивирана, туку дека се работи за „подгревање на стара манџа“.
Имаме кусок на извори на информации за еден проблем, кој барем во една димензија е доста стручен, но воедно и лесен за покривање, а тоа е прелистување на Законот за трговски друштва. Недостасува и содржајност, бидејќи тврдењата на опозицијата се нецелосно дадени за читателот да стекне увид во дефинирањето на отпорот против приведувањето на Шиповиќ и губењето на моќта на градоначалникот во Советот, односно општинскиот Парламент.
Конечно имаме вистински спин во изборот на фотографијата, со која се илустрира веста.

Акццијата Претседавач

Линк до оригиналниот напис: Акцијата „Претседавач“ е именувана според функцијата на Шиповиќ во „Машинопромет“

Датум и време на објавување: 11.10.2013 2013 15:42

Датум на рецензирање: 11.10.2013 2013

Рецензент: Љубомир Костовски

Вистинитост: Аферата Шиповиќ бара сама по себе одговор на едно прашање: дали е тоа нова или стара по датумот на настанувањето?  Секој текст кој се бави со аферата мора најнапред да одговори на тоа прашање, „за да ја мине пророчицата кај Делфи“, за да мине, значи, на други прашања и дилеми. Опозицијата тврди дека тоа е нова афера, според кодното полициско име – „Претседавач“, а власта дека е стара и се мисли на функција која Шиповиќ ја имал во АД „Машинопромет“, а тоа е „претседавач на УО“.

Во член 369 став 1 од Законот за трговски друштва, а потоа и во низа други, патемни членови, постои само изразот претседател на управен одбор. Нема претседавач! Ова значи дека функцијата претседавач на Шиповиќ е, сепак, нова.

Извори на информации: Кај веста веднаш се соочуваме со  простиот проблем на користени  извори за текстот. Не мора, се разбира, новинарот да оди на Интернет и да го бара ЗТД, за да дознае дали постои терминот претседавач на УО или постои само претседател, ама има толку многу правници кои „како од топ“ би ја решиле дилемата. Место тоа, неименуваниот новинар се повикува на неименуван извор во МВР. Во „МВР ни рекоа“ е премногу нејасен, магловит одговор за една афера од која зависи дали актуелното раководство на Центар ќе ја изгуби власта која претходно три пати ја „оверуваше“ на локалните избори во март, односно во таа Општина и во април годинава.

Содржајност: Текстот цитира еден пасус од обраќањето на Заев до јавноста по повод ова афера, ама ги нема и другите, на пример, од пресовите на СДСМ, ама и од говорот на потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска, на оваа тема во Прилеп, што според тајмингот било повеќе од удобно да се стори. Тој говор го отвора овој проблем на еден посодржаен начин, ама се настојувало да се остане на позицијата: зборот на Заев против верувањето на „жими мајка“ на МВР.

Пристрасност: Ова секако не е прв пат изворите во МВР да останат анонимни, кога веќе утре некој може да им постави, во случајот само формални прашања за ЗТД, на пример. Зад анонимноста може да се скрие секој и никој.

Оригиналност/Плагијат: Текстот е несомнено оригинален. Тој е оверен како таков низ она „анонимни извори тврдат…“. Нема потпис.

Квалитет на насловот: Насловот е секако предолг и за тоа немало потреба. Но, тој во себе го има „фактот“ на кој останува власта. А, низ ваквиот пристап се цели на ловење на оние читатели кои површно минуваат низ понудените содржини. Овој наслов не ве повикува да ѕирнете што има во содржината, сѐ треба да ви е „јасно“ во првите неколку секунди.

Фотографија: Фотографијата е вистински спин – таа прикажува како полицијата со лисици во раце приведува непознато лице. Ова сугерира дека Шиповиќ го чека таква судбина, што и да мислиме ние за тоа. Целта е секако прифаќањето на таквата, иако идна „стварност“.

Заклучок:  Во текстот сѐ е сведено на „војна на аргументи“ на едно политичко ниво, па место медиумот да стане гласник на граѓаните и да побара стручна квалификација на кавгата, тој останува на ниво каде читателите се определуваат според своите „политички инстинкти“. Тука пребројувањето на лајковите е речиси однапред познато.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, аноними

релевантни

2 извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести