verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Паскали: Политиката на Груевски е со долгорочни цели и визии

on 27 - 03 - 2014       

Паскали  Политиката на Груевски е со долгорочни цели и визии-crop-resize

Текстот: „Паскали: Политиката на Груевски е со долгорочни цели и визии“,  е целосно преземен од државната информативна агенција и во него е пренесен дел од интервјуто на еден „американски аналитичар“ , како што е претставен во написот . Што е сосема легитимно право на еден медиум , доколку процени дека одредена информација е важна за јавноста. Но, што е тогаш спорно?  Материјалот што го рецензираме предизвикува  повеќе прашалници. Личноста, чие интервју се пренесува, е претставена само како „американски аналитичар“.  Сепак, неговото име во македонската јавност е речиси непознато. Читателите не знаат за каков експерт станува збор, која е неговата специјалност, што е најчесто предмет на негова опсервација и анализа, и, конечно, каква тежина има неговиот став. Од текстот не може да се разбере  какви се неговите професионални компетенции,  зошто за нашите внатрешно-политички состојби е важно токму неговото мислење и дали публиката може да му верува.

Паскали  Политиката на Груевски е со долгорочни цели и визииЛинк до оригиналниот напис: Паскали:Политиката на Груевски е со долгорочни цели и визии

Датум и време на објавување: 22.03.2014, 9:08

Датум на рецензирање: 24.03.2014

Рецензент: Оливера Војновска

 

КОЈ Е АНАЛИТИЧАРОТ?

Написот  се повикува на друг медиум од каде што е преземен заедно со насловот и со фотографијата.  И несомнено дека е точно пренесен. Заради коректност, треба да се каже дека истиот напис, речиси на идентичен начин во текот на истиот ден го пренесоа десетина медиуми.

Проблемот, фактички, е во тоа што читателите немаат информации за личноста чие интервју се пренесува, така што, не знаат колку се издржани неговите проценки:

Македонија оди во добар правец. Актуелното лидерство предводено од премиерот Никола Груевски, има доста постигнувања кои ќе бидат основа за понатамошна доверба на граѓаните.

Кои што, некако, многу  наликуваат на пропагандни пораки дадени во изборни цели. Посебно делот каде што вели дека: „граѓаните треба да ја дадат поддршката за Ѓорѓе Иванов поради неговата професионалност, но и промоцијата на културата, хуманоста и идентитетот на Македонија.“

Исто така, непознато е од каде посочениот аналитичар толку добро ги познава политичкиот профил и капацитет на премиерот и на актуелниот претседател за да констатира дека:

Лидери како овие го создаваат богатството на земјата, нивната политичка храброст ги одвлекува и им создава бес на ние кои сакаат да ја дестабилизираат земјата.

Пошироката јавност, имено, нема некои сознанија за овој аналитичар. Пребаруањето по интернет води до емисии направени со него во 2008 во 2010 година на една телевизија со национална концесија  и до неколку написи од 2011 и 2012 година, во кои има само пофални зборови за премиерот и во кои вели дека „Македонија може и без НАТО“.

 

НЕГАТИВЕН НАБОЈ КОН ЕУ И НАТО

Впрочем, неговиот нагласено негативен став кон ЕУ и НАТО се гледа и во вториот дел од текстот што го рецензираме, каде е пренесено неговото гледиште за експлозивните случувања во Украина. При што меѓународната заедница е посочена како креатор на едно заговорничко сценарио:

Европската унија го покажа вистинското лице, сега во случајот со Украина. Заедницата била клучниот спонзор на државниот удар и на насилството во Украина. 

 

….Некомпетентните водачи на меѓународната заедница изгубија секаква смисла и го фрлија оружјето на социјална дестабилизација, вооружена инвазија – направија фашистички марш во Киев, како тој на Мусолини во Рим, кој беше насочен кон рускиот народ…

Прашање е зошто ваквите критички ставови кон НАТО и ЕУ биле доволно атрактивна провокација за да бидат пласирани во текстот и на таков начин ставени во функција да се подгрева негативна атмосфера околу евроинтеграцискиот процес на државата.

 

 СЕ ВОСПЕВА ЛИЧНОСТА НА ПРЕМИЕРОТ!

Изворот на информацијата е наведен, иако не е посочен линкот, но дискутабилно е кој е интересот да бидат прикажани размислувањата на споменатата личност  и колку се тие кредибилни, релевантни и за јавноста. Материјалот е прилично опширен, меѓутоа  е едностран и од него зрачи силна пристрасност:

Важно е да се нотираат добрите политички одлуки на Владата и премиерот Груевски

а, тоа особено се забележува со воздигнувањето на личноста на премиерот:

„Македонија може да биде горда на ваков политичар!“

Мора да се констатира дека ваквиот стил, сепак, делува  малку необично. Дури додворувачки  и отвора простор за сомнеж дека написот е наменски скроен за да ги воспева десницата и нејзиниот лидер. За тоа колку е текстот објективен, меѓу другото, говори и тоа што се промовира и на фејсбук страната на гласилото на владејачката партија „Глас“

 

НАВРЕДЛИВ ТОН

Насловот е апологетски, а тоа што е ставен како цитат воопшто не го менува ваквиот впечаток. Во написот нема говор на омраза. Но,  навредливиот тон со кој се говори за меѓународната заедница и употребата на  формулациите како  „некомпетентните водачи“ , „направија фашистички марш во Киев“, „клучниот спонзор на државниот удар и насилство“,  кај читателите будат негативни чувства кон ЕУ, САД и НАТО.

Текстот со внимателно одбрани фрагменти од интервјуто на посочениот американски аналитичар доаѓа во турбулентно изборно време. Вака, како што е пласиран, ја наведува публиката и прејудицира конкретен позитивен став кон политичкиот концепт на владејачката партија и нејзиниот претседател. Истовремено, содржи и една опасна порака усмерена кон подгревање на евроскептцизмот кај граѓаните на Македонија.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести