verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Напис ставен во функција на политичка пресметка

on 16 - 04 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Нов-автогол-на-Заев-никој-не-верува-во_-http___kurir.mk_makedonija_vesti_196-crop-resize

 

[Рецензии: Нов автогол на Заев – никој не верува во небулозните обвинувања]

 

Рецензираме исклучително тенденциозен и манипулативен материјал, кој со сите сили се труди да го оцрни лидерот на СДСМ, а со насловот добива и навредлива конотација. Директен повод за текстот  е  20. по ред „бомба“, која Заев ја објави еден ден претходно (14 април 2014 година), а која, според него, покажува „дека не постои поделеност меѓу партијата и државата, дека  државата е узурпирана од ВМРО-ДПМНЕ и дека вработувањата во администацијата се прават исклучиво со партиски список…“

Нов автогол на Заев- никој не верува во_ - http___kurir.mk_makedonija_vesti_196 Линк до оригиналниот напис: Нов автогол на Заев- никој не верува во небулозните обвинувања

Датум и време на објавување: 15.04.2015, 14:26

Датум на рецензирање: 16.04.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

ИЗВИТОПЕРЕНА ВИСТИНА

Ова наменски скроено, критизерско четиво, ја извитоперува вистината и острицата на нападот ја насочува кон шефот на опозицијата. Со веќе востановената тактика за спинување, се изместува тежиштето на темата од аудиоснимките, кои, според СДСМ, говорат за полнење на државните институции, вклучитено судовите, болниците и факултетите, со кадри од владејачката партија.

Притоа, текстот целосно го игнорира содржинскиот дел од прислушуваните разговори, кои, наводно, докажуваат дека државните вработувања биле правени со директна инволвираност на премиерот, неговиот прв братучед – директорот на УБК, министерката за внатрешни работи, парламентарниот спикер… Нештата се поставуваат наопаку и фокусот на приказната се става на Заев. За таа цел се користат фрагменти од неговите настапи на партиски трибини, кои се претставуваат како „крунски доказ“ дека: „никој  не му верува на Заев, бидејќи партискиот реваншизам и партиските вработувања се својствени за СДСМ“. Инаку, овие тонски парчиња (за кои Заев тврди дека се извадени од контекст), постојано се употребуваат како „аргумент“ за дискредитација на лидерот на социјалдемократите.

 

ПОЛИТИЧКА ПРЕСМЕТКА

Во истиот оцрнувачки дух продолжува и вториот дел од текстот, во кој Заев се критикува за  антидржавно однесување и за тоа дека со политичките бомби открил чувствителни податоци за безбедносните служби и планот за кадровско зајакнување на тајните служби“. Ваквите наводи, кои фактички одат на линија на обвинувањата на власта, се протнати зад параванот „коментираат познавачите“, кои, пак, вообичаено за овој тип текстови, се анонимни.

Манирот во кој е пласиран материјалот што е предмет на оваа рецензија, јасно покажува дека мотивите за неговото пишување немаат некоја допирна точка со новинарството. И наспроти професионалите стандарди, кои налагаат дека основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината, да настојуваат да ја спречат цензурата и искривувањето на вестите, да бидат објективни и да обезбедат дистанца од политичките процеси, тука е направено токму спротивното. Написот е ставен во функција на политичка пресметка и затоа заслужува негативна оценка.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални, анонимни

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести