verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Презентација на публикацијата „Тестирање ситуација – метод за докажување дискриминација“

on 21 - 11 - 2014       

Хелсиншкиот комитет за човекови права, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Фондацијатa „Отворено општество – Македонија“ организираат настан за запознавање со методот на тестирање ситуација и презентација на подготвената публикација „Тестирање ситуација – метод за докажување дискриминација“, кој ќе се одржи на 25 ноември 2014 година во ЕУ Инфо-центарот, со почеток во 14 часот.

Тестирањето ситуација претставува метод што се користи во случаи на дискриминација во кои недостигаат факти и докази и е тешко да се докаже. Тестирањето ситуација вклучува употреба на организирани актери или апликанти за да се истражи појавата на дискриминација во различни предмети, процеси и области врз различни основи. Тој е особено соодветен за случаи на директна дискриминација, што е често скриена зад разни изговори и тестирање права што се веќе содржани во законодавството и меѓународните стандарди. Моделот на индивидуална правда е често несоодветен за докажување на структурна и институционална дискриминација и тестирањето ситуација овозможува дискриминацијата да биде полесно разоткриена и докажана во овие случаи.

Со задоволство сакаме да поканиме претставник/претставници на вашата институција/организација да присуствуваат на овој настан и со нивното активно учество да придонесат во развување на дискусија.

Лице за контакт: Сања Барлаковска, e-мејл: sanja.barlakovska@mhc.org.mk

Претплатете се за најнови вести