verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Претседателот на „Го сакам Водно“ не бил нападнат на расправата за ДУП-от за Трнодол

on 18 - 12 - 2019       

[ВИДЕО: Претседателот на „Го сакам Водно“ нападнат од активист на СДСМ]

Насловот на текстот што го рецензираме дезинформира, бидејќи во написот кој е преземен од новинската агенција „Мета“, воопшто не се спомнува дека претседателот на „Го сакам Водно“ е нападнат од активист на СДСМ.

Линк до оригиналниот напис: ВИДЕО: Претседателот на „Го сакам Водно“ нападнат од активист на СДСМ

Датум и време на објавување: 17.12.2019

Датум на рецензија: 18.12.2019

Рецензира: Силвана Жежова

Во преполната сала на месната заедница во Козле дојде до тепачка помеѓу групи на граѓани, пренесува „Мета“.Дел од присутните изразија незадоволство што Општина Карпош го форсира донесувањето на овој ДУП со кој се предвидува зголемување на урбанизацијата, изградба на три шесткатници кај каналот за спречување на поплави во Трнодол и изградба на индивидуални објекти високо на Водно.

Текстот што го рецензираме е пренесен коректно и е објавен линк до изворот, но насловот не произлегува од содржината. Во оригиналниот напис воопшто нема таква информација дека претседателот на „Го сакам Водно“ бил нападнат од активист на СДСМ. Во насловот исто така не се споменува ниту каде се случил нападот (на расправата за ДУП-от за Трнодол, Жданец и Козле во преполната сала на месната заедница во Козле), па на читателот му остава простор за произволно толкување.

На насловот реагираше и претседателот на „Го сакам Водно“, Андреа Јанков, кој на неговиот фејсбук-профил демантираше дека бил нападнат. Тој воопшто не бил присутен на расправата.

За настанот се огласија и од иницијативата „Го сакам Водно“ кои од нивни извори дознале дека постоел напад врз граѓански активист од иницијативата „Спас за Водно“, жител на Трнодол, од страна на лице кое не е жител на Трнодол, а бил вработен во Општината во минатото.

Го сакам Водно најостро ги осудува физичките напади од било која страна, и не можеме да не реагираме на неадекватната заштита на јавната расправа, која, иако отворена, се очекуваше да биде тензична. Општината не смее да организира ваков настан на ваква сензитивна тема и во тензична атмосфера без да обезбеди минимум безбедносни услови, а уште помалку да дозволи партиски членови или (бивши) вработени да напаѓаат луѓе, се вели во реакцијата на „Го сакам Водно“.

Правилото за наслов на текст е дека тој произлегува од содржината на текстот, кој во написот што го рецензираме не е запазено. Имајќи предвид дека се споменува лице инволвирано во случајот, потребна е негова изјава за потврда или негирање. На медиумот, не е објавена ниту реакцијата на претседателот на „Го сакам Водно“, нема извинување кон него, а не е сменет ниту насловот наспроти фактот дека тој не бил нападнат од одредено лице кое наводно бил активист на СДСМ.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести