verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

ЗА

Кинези ги кредитираат, Кинези ќе ги градат автопатите Скопје – Штип и Кичево – Охрид

Горан Станковски




Моите забелешки на написот, во неколку точки: 1. Забелешка за формулацијата на насловот. Кога се зборува за инфраструктурни проекти, особено големи зафати како овој, не постои "кинез" или "македонец" што гради или финансира. Постојат изведувач и скоро во секој ваков случај, подизведувачи. За делот на финансирање, постојат банки или други финансиски институции или друг вид на кредитори што ги финансираат/кредитираат. 2. Друга забелешка на насловот - насловот на написот е допола точен, вториот дел не е. Компанија „Сајнохидро Корпорешен Лимитид" за извршување на овој проект формира компанија во РМ, која сама по себе ќе биде македонска компанија со (веројатно) кинески капитал. Впрочем како и најголем дел од банките или сите странски директни инвестиции во РМ. Јас досега не сум слушнал Стопанска Банка Скопје некој новинар да ја нарекува грчка или НЛБ Тутунска - словенечка банка заради потеклото на капиталот што го поседуваат. 3. За волја на вистината, авторот користи факти кои се проверени и точни, но баш заради тоа, доаѓа до израз несовпаѓањето на насловот со содржината на текстот. 4. Тенденцијата во написот е очигледна. Самиот автор, кој очигледно има намера да го минимизира импактот што овие проекти би ги имале врз домашната економија, во понатамамошниот дел од написот, го побива ефектот што се создава само површното читање на насловот на написот. Кога текстот ќе се прочита во целост, се забележува дека во последниот параграф, авторот објаснува дека вредноста на работите што изведуваат подизведувачите (кои задолжително се домашни) мора да изнсува 49% од вкупната вредност на извршените работи на целиот проект. Понатаму, вкупниот удел на ангажирани домашни работници во проектот е 51%. Дали е фер, или подобро речено, дали е професионално, во проект во кој мак-економијата би учествувала со неколку компании како подизведувачи, со 51% од работниците и 49% од извршените работи, авторот да состави текст со наслов како овој? Со задоволство би ја прочитал рецензијата на овој напис. Поздрав, Горан
http://www.plusinfo.mk/vest/114048/Kinezi-gi-kreditiraat-Kinezi-kje-gi-gradat-avtopatite-Skopje---Shtip-i-Kichevo---Ohrid-


14 - 11 - 2013


ЗА

Да го запреме злото на време: Педофилите бараат права како хомосексуалците!

Васко




Тотално непознавање на тематика човекова сексуалност и сексуална ориентација. Тенденциозен текст со намера да се зголеми стигматизацијата на луѓето со не-хетеросексуална ориентација.
http://denesen.mk/web/2013/11/11/da-go-zapreme-zloto-na-vreme-pedofilite-baraat-prava-kako-homoseksualcite/


13 - 11 - 2013


ЗА

Вилма Трајковска бара комунизмот да се казнува

Васко




Нецелосна информација, тенденциозен и спинуван наслов, еднострано информирање (во споредба со изворот http://prvi.mk/2013/11/12/vilma-trajkovska-bara-komunizmot-da-se-kaznuva/ ) каде се спомнуваат и критики на овој предлог (иако и таму насловот на веста е ист)
http://www.plusinfo.mk/vest/114094/Vilma-Trajkovska-bara-komunizmot-da-se-kaznuva


13 - 11 - 2013


Претплатете се за најнови вести