verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Повредено правото на презумција на невиност

on 21 - 02 - 2017       

netpress

[Рецензија: Кои биле муштериите на скопскиот дилер на кокаин?]

 

Текстот што го рецензираме изнесува непотврдени информации во врска со еден од осомничените во акцијата на МВР, „Мрежа“, С.Р., кому Кривичниот суд  на 20 февруари (2017) му одреди мерка притвор.

Без да се почитува правото на презумција на невиност, во текстот се пишува за наводните клиенти на осомничениот и за тоа како тој, наводно, ја набавувал и ја препродавал дрогата. Целиот процес е опишан без да се понудат никакви докази кои, доколку постојат, се предмет на институционално разгледување, односно треба да бидат изнесени пред суд. Наводно, истите потекнуваат од полициски извори, но, сепак, остануваат во сферата на шпекулации и на чаршиски муабети, бидејќи сè уште нема судски докази дека осомничениот навистина постапувал така како што пишува во текстот.

Насловот е сензационалистички и тенденциозен и наместо да информира, поставува прашање на кое подолу во текстот не нуди конкретен одговор.

Кои биле муштериите на скопскиот дилер на кокаинЛинк до оригиналниот напис: Кои биле муштериите на скопскиот дилер на кокаин?

Датум и време на објавување: 19.02.2016

Датум на рецензирање: 20.02.2017

Рецензент: Силвана Жежова

 

 

ТЕКСТ КОЈ СЕ СТАВА ВО УЛОГА НА СУДИЈА

Написот почнува со откривање на идентитетот на еден од осомничените во криминалната група, при што се откриваат детали од неговиот приватен живот, односно се споменува и името на неговиот брат и функцијата што ја извршувал. Притоа, идентитското клопче се одмотува за да се истакне наводната поврзаност на осомничениот со СДСМ, а особено со парискиот лидер, Зоран Заев.

„Во акција на македонската полиција, вчера беше сузбиена улична криминална група која дилала дрога на улиците во Скопје. Сеад Рахиќ-еден од уапсените дилери е брат на Есад Рахиќ – Еско, поранешен партеник од СДСМ, кој  важи за особено близок до Зоран Заев и раководството на партијата, објавија медиумите“.

Овие информации се апсолутно ирелевантни за предистражната постапка која се води за ова осомничено лице. На овој начин се прекршува Кодексот на новинарите, во кој се вели: „Во судските постапки треба да се почитува принципот на презумција на невиност, да се известува за сите инволвирани страни во спорот и да не се сугерира пресуда“ (член 8).

Потоа во текстот, затскривајќи се зад формулацијата „извори блиски до истрагата“, во сензационалистички манир и со видлива доза тенденциозност се изнесуваат детали за наводните клиенти и за начинот на кој, наводно, бил доставуван кокаинот.

„… клиентела на Сетко му биле познати лица од естрадата, сопственици на познати кафулиња и поимотни лица од Скопје. Начинот на работа бил едноставен. Одржувал лични контакти со своите муштерии, се нарачувала количина, а кокаинот го испорачувал лично тој, но понекогаш и преку останатите членови од групата. Се одело на лице место каде што барал нарачателот“.

Написот не нуди докази за изнесените тврдења. Против осомничениот, кој сега е во притвор, се води предистражна постапка, при што доколку биде обвинет, судот ќе ги изнесе доказите за неговите дејства. Улогата на новинарот е правилно да ја информира јавноста, без да ја преземе улогата на судија.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести