verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Поттикнување војна преку национална телевизија

on 3 - 10 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

Пример на промовирање став дека меѓуетничка војна е „решение“ за проблемите на Македонија преку емисија на национална телевизија:

„Ова ти е бе, ова ти е монструозен… Ова со идентитетот не сакам ни да го зборувам. Сега ти вика или ќе го прифатиш ова што ти вика сам да се самоубиеш или ќе ти ги с`снеме Албанците. Па с`снете ги бе. Еднаш с`снете ги, ама ја кога ќе ги с`сне некој, за да се самоодбранам, имунолошки да не погинам, знаеш ли како ќе настапувам. Не како 2001.“

Дел од цитатите од емисијата „Јади бурек“ со водител Јанко Илковски и гостинката Мирка Велиновска е емитувана на 1 октомври 2014 на ТВ Сител 3, се документирани на блогот Анфас.

Мирка Велиновска и Јанко Илковски во емисијата „Јади бурек“ на 1.10.2014.

Кривичниот законик на Република Македонија (ПДФ од веб-сајтот на Министерство за правда) во член 415 го опфаќа како злосторство поттикнувањето агресивна војна:

„Поттикнување на агресивна војна
Член 414

Тој што повикува или поттикнува на агресивна војна, ќе се казни со затвор од една до десет години.“

Во случајов, водителот на емисијата, продукцијата или телевизијата се нема оградено од ставовите на интервјуираната личност која промовира војна во Република Македонија ниту во текот на емисијата, ниту потоа. Напротив, снимката на емисијата е дополнително промовирана и емитувана на повеќе начини – на самата телевизија и преку интернет.

Неколкупати употребениот термин „с’снување“ се однесува на активност кој луѓе ја прават со кучиња. Да се дехуманизираат (да се претстават како животни – ѕверови) припадниците на групата кон која треба да се предизвика омраза е позната пропагандна техника поврзана со ширење говор на омраза. Неколку историски и современи примери се обработени во следните написи:

Говорот на омраза исто така е кривично дело според важечките закони на Република Македонија.

 

Извор: Не мрази.мк. (03.10.2014).

Претплатете се за најнови вести