verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Понижувачки коментари накалемени на вест

on 14 - 01 - 2017       

Pavle Infomax

 

[Рецензија: ПАВЛЕ, РЕЗИЛ ЕДЕН НЕПИСМЕН: Неукиот Павле проба да се пресмета со Груевски и тотално се избламира]

 

Текстот е коментаторски, навредлив и омаловажувачки и едностран. Се коси со професионалните новинарски стандарди, не само во поглед на речникот, туку и во однос на професионално избалансираното информирање.

 

ПАВЛЕ РЕЗИЛ ЕДЕН НЕПИСМЕН Неукиот Павле проба да се пресмета со Груевски и тотално се избламира iNFOMAX.mkЛинк до оригиналниот напис: ПАВЛЕ, РЕЗИЛ ЕДЕН НЕПИСМЕН: Неукиот Павле проба да се пресмета со Груевски и тотално се избламира

Датум и време на објавување: 11.01. 2017

Датум на рецензирање: 14. 01. 2017

Рецензент: Димитар Тануров

 

НАСЛОВОТ ГИ НАЈАВУВА НАВРЕДИТЕ

Самиот наслов укажува дека текстот е коментаторски и дека повеќе ќе се фокусира на навреди и на вулгарности, отколку на презентирање новинарски производ. Згора на тоа, фотографијата која е објавена со текстот е сосема несоодветна и има цел да манипулира.

Информацијата, според категоријата во која е објавена, но и според својата конструкција, би требало да претставува вест. Сепак, тука, истовремено се забележува и коментирање, односно наместо јасно и концизно пренесување на фактите и на податоците, тие коментаторски се презентираат. Тоа се забележува уште во главата на веста.

„Дебитантот во македонското Собрание Павле Богоевски, кој си го одработи своето место на листата на СДСМ учествувајќи во платеничката „револуција“ на Зоран Заев и Сорос, се избламира уште неседнат на пратеничкото столче“.

Јазикот што се користи при коментирањето е сосема несоодветен за новинарски текст, во него се забележува навредлив и понижувачки тон, а исто така е присутна и пристрасност при информирањето. Тоа е недозволиво не само според новинарските стандарди, туку и според Кодексот на новинари, а го гледаме од фразите како: „малиот Павле“, „кога желбата ги надминува можностите и капацитетот“, „неискусниот политичар“, „стратег од рангот на Мујо и Хасо“, „човек со лимитирани способности“, „зелен“, „Брз и арогантен = неук“.

 

ТОЧНАТА ИНФОРМАЦИЈА ЗАДУШЕНА ВО НАВРЕДИ

Информацијата дека Богоевски погрешно пресметал колку гласови се потребни за продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство е точна. Но, наместо да се коментира, требало да се пренесе без давање лични ставови, навреди и етикетирања. Истовремено, наместо своеволно да се влече заклучок дека го нема прочитано законот за СЈО, можело да се земе изјава од Богоевски, а со тоа и коментар за изнесените ставови. Тоа не е направено, исто како што подоцна не е пренесен статусот на Богоевски објавен на неговиот профил на „Фејсбук“, во кој ги признава грешката и превидот.

Написот крши неколку членови од Кодексот на новинари, според кој новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот, треба да ја негува културата на говорот и етиката, но и да држи професионална дистанца при информирање од политички настани и да не биде пристрасен.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести