verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Петпарeчка објава без трошка вест

on 21 - 10 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

dokaz

[Рецензија: Невестиве по грешка место на Митинг во Борис Трајковски завршиле во Зоолошка?]

 

Тривијалност, без трошка информација значајна за јавноста… Се пласира текст од само една реченица, како некаква си значајна новина. Всушност, според професионалните стандарди, станува збор за ангажман на две госпоѓи по партиски митинг на владејачката партија, кој за публиката е целосно небитен.

nevestive-po-greshka-mesto_-http___www-dokazm-mk_nevestive-poЛинк до оригиналниот напис: Невестиве по грешка место на Митинг во Борис Трајковски завршиле во Зоолошка?

Датум и време на објавување: 16.10.2016

Датум на рецензирање: 20.10.2016

Рецензент: Владимир Мирчески

 

 

„ГОЛА ВОДА“

 Навистина, ептен „битна“ вест, нема што?! Какво е значењето на тоа како две партиски активистки од внатрешноста на земјата го поминале денот во Скопје, каде владејачката ВМРО-ДПМНЕ одржуваше митинг? Одговорот е никакво. Ниту некој ќе се „потресе“ ако го прочита текстот, ниту некој ќе остане неинформиран ако не го видел зашто во него едноставно нема информација. Дошле госпоѓите, дали своеволно или по наредба, во главниот град, си биле на собирот и, онака патем, кога се веќе таму, ја посетиле и зоолошката градина. Сето тоа најверојатно си го објавиле на социјалните мрежи, конкретниот портал ги презел фотографиите и, џанам, ете вест. Не, тука нема вест.

„Невестиве направиле селфи по наредба на партијата да, ама место во СЦ Борис Трајковски си отишле во Зоолошка, па исто и таму и ваму животни држат говор…“

Каде е изворот за партиска наредба за „правење селфи“? Очигледно е нагаѓање или едноставно шпекулирање.

Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно – член 1 од Кодексот на новинари.

За критика е и несоодветниот говор употребен во таа една реченица: „па исто и таму и ваму животни држат говор“.

Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката – член 15 од Кодексот.

Значи, нема вистинска, веродостојна информација вредна за читателско внимание, има несоодветен говор, без суштина, без содржина. Едноставно, гола вода!


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести