verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Отскочна штица или нечиј мегафон

on 4 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Untitled

[Рецензија: Димитар Стевананџија: Ти си единствениот владика на кого лајковите му се поважни, па и од верата и од работата]

 

Методологијата за рецензирање на „Сервис за проверка на фактите од медиумите“, меѓу другото, има утврдено правило дека нема да рецензира колумни. Колумните, мислењата, се лични ставови, и, во согласност со општо прифатените правила во новинарството, тие секогаш се посебно обележани и се објавуваат во рубрики или на места каде што на публиката недвосмислено ѝ е предочено дека се работи за содржина што пренесува такви, лични ставови.

Оваа рецензија обработува медиумска содржина која по својата форма е лично мислење, но тоа лично мислење не е означено како лично. Не е ставено во рубрика „Мислења“, туку во рубрика „Македонија“, која е исполнета со вести, извештаи и со други информации спакувани во новинарски формати.

Според стандардите, не е проблем новинарски да се обработи некое лично мислење во класична новинарска форма, но за тоа е потребно да се даде причината, односно заднината, „бекграундот“, како и да се истакне важноста дека таа реакција барем од малку поширок јавен интерес.

03032016-Pres24-PimenЛинк до оригиналниот напис: Димитар Стевананџија: Ти си единствениот владика на кого лајковите му се поважни, па и од верата и од работата

Датум и време на објавување: 01.02.2016, 11:54

Датум на рецензирање: 03.02.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

И НА ПРАТЕНИКОТ МУ СЕ ВАЖНИ „ЛАЈКОВИТЕ“

Наместо тоа, со пренесувањето на вметнати (ембедирани) содржини од социјалните мрежи, без новинарска или уредничка рамка, текстот станува платформа преку која се пренесува недоличен говор, па дури и говор на омраза, како во овој случај. Новинарската интервенција на мислењата е неопходна зашто ако човек не е малку упатен, не е јасно до кого е постот.

Освен тоа, ако не биле важни „лајковите“ и коментарите, зошто авторот на ова фејсбук-мислење не му напишал писмо на хартија и не ѝ го испрати лично на личноста на која ѝ се обраќа? Уште повеќе, за оние што ја следеа полемиката и реакциите што ги предизвика владиката Пимен, во ова мислење ништо од она што го напиша Пимен не е побиено. Читаме само гола реторика и напад за кој не се знае со што е заслужен.

Уште нешто е многу важно: авторот на ова мислење е пратеник. Треба да се знае дека пратеникот е цело време пратеник, бидејќи Собранието е во постојано заседание. На еден пратеник воопшто не му доликува еден таков говор и јазик, а на еден сериозен напис, пак, не му доликува да биде отскочна штица или нечиј мегафон за напади врз личности.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Не може да се утврди

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

верска дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести