verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Заштитува ли крстот повеќе од полумесечината?!

on 4 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

„Го стигна Божјата казна“_ Човекот ко_ - http___sitel.com.mk_go-stigna-bozh

 

[„Рецензија: „Го стигна божја казна“: Човекот кој кршеше крст почина од …]

 

Иако се работи за куса вест, целите што се сака да се постигнат со овој прилог се далекусежни. Особено, во екот на домашните расправи за орелот и за крстот (се разбира оние од Чаир и од Бутел), потоа во сенката на инцидентот со тепаниот Тодор Петров од СМК, ваквите вести добиваат третман на кибрит и на кантичка со бензин и лесно можат да ја запалат атмосферата во земјата.

„Го стигна Божјата казна“_ Човекот ко_ - http___sitel.com.mk_go-stigna-bozhЛинк до оригиналниот напис: „Го стигна божја казна“: Човекот кој кршеше крст почина од …

Датум и време на објавување: 01.03.2016, 12: 32

Датум на рецензирање: 02.03.2016

Рецензент: Љубомир Костовски

 

„ОТКОПАНА ВЕСТ“

„Со опис „Го стигна Божјата казна“, медиумите од регионот објавуваат сторија за неверникот кој уништуваше верски симболи. Албанецот Алем Курти човекот кој ги кршеше крстовите во српскиот манастир во Косово во 2004 година, почина во тешки маки. Тој се борел со ракот кој му ги уништил црн дроб и белите дробови. Курти почина минатата година во болницата во Приштина“.

Ова е целата вест која е објавена, а заедно со неа има десетминутна репортажа, снимена полуаматерски, каде се прикажува Курти како го кине крстот од покривот на една црква. Таа не е монитирана, во реално време е и без коментар и по проверката се гледа дека е симната од „Јутјуб“. Се работи за водеозапис од симнување на крстот во манастирот „Свети Илија“ во Подуево (колку што видовме од проверка на снимката).

Од текстот се гледа дека ова со Курти и не е вест. Имено, човекот починал лани, а веста ја имаме во март годинава. Истата вест сега ја има и во повеќе српски медиуми (од каде веројатно е преземена), само што таму поводот е друг – секој март се одбележува погромот врз српските културни споменици на Косово (2004). Ние, очигледно, сме си нашле друг мотив за нејзино преобјавување.

Потоа, веста нема основни факти – кога точно починал споменатиот, кој е изворот на сознанијата (се вели дека се тоа медиуми од регионот, но нека се наброи макар еден)… Вака, веста е нешто во што најнапред не би можело да се верува, бидејќи во себе не нуди „штоф“ за такво нешто.

Понатаму, освен што се кажува дека човекот бил  болен од рак  и умрел во страшни маки, целата таа дијагноза се доведува во врска со неговиот чин од пред 12 години. Па, добро, читателот би се запрашал, што му згрешиле на бога оние другите болни од канцер, па да речеме и со истите симптоми, од кои некои се предани  христијани (ако крстот штити од болестите)? Тука да ги споменеме оние мали, најмали деца кои умираат сосема невини…

Дека е тоа обична глупост, треба да се спомене и дека еден портал се обидел да добие одговор на вакво прашање (вина – казна – болест) од протојереј ставофор Трајан Којиќ, од белградската црква „Свети Марко“. Овој свештеник, кој служел свовремено на Косово, цитирајќи го Његош, вели: „Кој, синко, божјата волја ќе ја знае, кој ли божјите чудесии ќе ги протолкува“.

Ова е, секако, доволен одговор за сите тие што лесно се палат и откопуваат стари работи за да добијат преку медиумите нови омрази.

Накусо – имаме „откопана вест“! Таа е ставена во комплетно суеверен контекст, дури и од аспект на религијата. Па, преку крстот и неговата „заштита“ прави верска дискриминација: која религија повеќе заштитува!

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

потикнува на насилство

дискриминира

верска дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести