verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Нотирани селективност и спин

on 14 - 11 - 2015       

11112015-Press24-Izvestajot-crop-resize

[Рецензија: Нотирани напредоци во извештајот на ЕК во економијата, трговијата, земјоделието, јавното здравје, транспортот]

 

Пред да тргне во оценка на оваа медиумска содржина, авторот на оваа рецензија направи детален преглед на содржините објавени на овој медиум поврзани со објавувањето на извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2015 година кон интеграцијата во ЕУ. Тоа беше направено со намера да се провери дали на извештајот му е отстапен исто таков простор за неговите пораки во целина, така како што им се прави на „напредоците“ на нашата земја во делот на економијата. Зошто зборот „напредоци“ е во економија, ќе се види на крајот од оваа рецензија.

Заклучкот од ова пребарување е дека таков извештај, за пораките од извештајот во целина – нема. Она што го има се неколку новинарски содржини дека извешатјот е објавен, дека ќе се одржи прес-конференција во Брисел, дека ќе им биде предаден на претседателот и на премиерот и неколку прилози пост фестум за тоа дека „извештајот на народот ќе дојде на наредните избори“.

Наспроти ова, сосема отворено прикривање на општата сумарна оцена за условената препорака, пред нас е еден крајно селективен избор за новинарска презентација на извештајот на ЕК, кој се однесува на конкретни делови од економската политика.

Дури и така селектирани, тие ја кријат суштината, извадени се од контекстот на целината, без да бидат наведени суштинските забелешки, позитивни или негативни, кои пред секоја глава во извештајот се ставени во рамка. Не е лесно да се избегнат и не е тешко да се препознааат.

И така, наместо крајната загрижувачка оцена за политичките критериуми, кои, констатира извештајот, се и како резултат на незаконското прислушување во кое се замешани највисоки функционери на власта, наместо крајната загриженост за меѓуетиничките состојби, наместо загрижувачките назадувања во сферата на правосудството, наместо констатацијата за една општа корупција и замешаност на партиските политики во јавната сфера, на читателите на медиумот каде што е објавен овој текст, им се сервира спинерски текст со акценти кои не одговараат на целосната вистина.

Еве неколку примери:

11112015-Press24-IzvestajotЛинк до оригиналниот напис: Нотирани напредоци во извештајот на ЕК во економијата, трговијата, земјоделието, јавното здравје, транспортот

Датум и време на објавување: 10.11.2015 – 22:05

Датум на рецензирање: 13.11.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Медиумот објавува акцент за „слободното движење на стоки“ и издвојува:

„Во областа слободно движење на стоки, Комисијата позитивно го оцени зголемениот број на спроведени инспекциски контроли на пазарот на производи од страна на Државниот пазарен инспекторат, и високиот процент на усвоени Европски стандарди.“

Во извештајот на ЕК, пак, во ова поглавје се вели:

„Земјата е скормно подготвена во оваа област. Направен е одреден прогрес. Како и да е, нема посериозен прогрес во однос на ланските забелешки, кои се однесуваа на елимирање на увозните бариери во трговската размена.“

Или, во делот посветен на интелектуална сопственост, медиумот издвојува:

„Исто така, во областа право на интелектуална сопственост Комисијата позитивно го оцени воспоставувањето на заеднички систем за електронско евидентирање на емитување на музички дела, од страна на Министерството за култура и Министерството за информатичко општество и администрација.“

Во суштина, и навистина, за оваа област се констатира недоволно развиен капацитет на институциите во спроведувањето и законите и заштитата на интелектуалната сопственост.

За да не ги заморуваме нашите читатели со наведување на целата листа на спинувани извадоци од извештајот, само уште за областа „земјоделство и рурален развој“. Во медиумската содржина што ја рецензираме е издвоено дека:

„Новата ИПАРД Програмата 2014-2020 беше донесена во јануари 2015 година и значајни чекори се преземени за решавање на главните прашања поврзани со нејзиното спроведување…“

Но, од Европската комисија не пропуштаат да регистрираат дека заради слабите капацитети на надлежните, земјата може да се соочи со повторување на ситуацијата од 2014 година, кога 15,6 милиони евра од фондовите ИПААРД беа неискористени и се вратија назад во Брисел.

Сметаме дека ова е доволно за да го ислустрираме нашето тврдење на почетокот на оваа рецензија.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

Делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести