verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Нема ништо шокантно во зрната град кои наликуваат на коронавирусот

on 22 - 05 - 2020       

Фото: Илустрација

[Рецензија: Шок од небото, паѓал град во облик на коронавирус!? ]

Овој текст со изборот на насловот се обидува да „шокира“, но нема ништо шокантно во тоа што зрната град имале облик на коронавирусот, бидејќи според метеоролозите, таквата форма е „сосема нормална“. Исто така, написот е контрадикторен бидејќи во еден дел се тврди дека тоа може да се протолкува како „божји знак“ за луѓето да седат дома, а во другиот дел има став од метеоролог кој ја објаснува оваа природна појава.

Линк до оригиналниот напис:Шок од небото, паѓал град во облик на коронавирус!?

Датум на објавување: 20.5.2020

Датум на рецензија: 22.5.2020

Рецензира: Силвана Жежова

На самиот почеток од текстот се вели:

Граѓаните на Монтеморалес во Мексико доживеале вистински шок кога виделе дека од небото паѓа град кој според обликот многу потсетува на коронавирусот. На социјалните мрежи веднаш се појавиле фотографии од „чудниот град“ за веднаш започнале да кружат и теории на завЕри како тоа се случило. Според една теорија, тоа е „Божји знак“ чин со кој Бог сака да им каже на луѓето да останат дома?!

Додека во вториот дел од написот ги демантира ваквите шпекулативни и сензационалистички тврдења. Односно,  пренесена е изјава од метеорологот при Светската метеоролошка организација, Хозе Мигуел Винас кој објаснува дека формата на градот е сосема нормална, со што паѓаат во вода  претходните наводи за некаква „шокантност“ и постоење на „теории на заговор“:

 За време на бура градот добива специфичен облик и акумулира слоеви од лед на краевите. За време на силните бури кога градот станува поголем,голем дел од зрната се спојуваат и удираат едни во други , што влијае на создавањето на шилци под лед, истакнал метеорологот Винас, пренесе „Дејли маил“.

Истовремено, делува дури смешно тоа што наспроти научните факти дека формирањето на градот е поврзано исклучиво со процесите кои се случуваат во атмосферата, во овој текст „чудниот град“ се поврзува  со некаков  наводен „божји знак“ за луѓето да седат дома и да се заштитат од коронавирусот (!).

Очигледно дека овој текст нема идеја да пренесе коректна информација, туку има за цел да собере што поголем број кликови. Па, доколку бројката на читаност во текстот е точна (над 23.000 – 22.05.2020), насловот ја постигнал целта! Друга работа е тоа што ваквиот начин на обработка и пласирање на вестите се коси коси со професионалните принципи утврдени во Кодексот на новинарите.

Овој напис е дел од специјалното известување на „Критинк“ за дезинформациите поврзани со епидемијата на корона-вирусот Ковид-19. Кликнете на линкот за најнови вести и проверени информации од оваа област.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести