verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Нејасна споредба меѓу Македонија и Кина

on 14 - 05 - 2020       

Фото: Илустрација

[Рецензија: Македонија има трипати повеќе активни болни од Кина, состојбата се стабилизира откако многу новозаразени заболеле на погреб во Тетово и семеен настан во Скопје]

Текстот што го рецензираме има несоодветен и нејасен наслов. Имено, во насловот се прави споредба меѓу Македонија и Кина во поглед на бројот на активни заразени случаи со коронавирус, а за ваквата споредба во текстот нема никакво објаснување.

Линк до оригиналниот напис: Македонија има трипати повеќе активни болни од Кина, состојбата се стабилизира откако многу новозаразени заболеле на погреб во Тетово и семеен настан во Скопје

Датум и време на објавување: 12.05.2020

Датум на рецензирање: 13.05.2020

Рецензент: Ана Анастасовска

Споредбта во насловот е како од небо падната. Нејaсно е која била целта на ваквата насловна конструкција: „Македонија има трипати повеќе активни болни од Кина, состојбата се стабилизира откако многу новозаразени заболеле на погреб во Тетово и семеен настан во Скопје“

Целиот текст говори само за актуелната сосотојба со коронавирус  во Македонија (на 12.05.2020). Во содржинскиот дел на написот Кина е спомната само во една реченица:

Во моментот има 377 активни случаи на заболени што е на пример за трипати повеќе од Кина каде останале само уште 115 активни пациенти заболени од Ковид 19.

Македонија не може да се споредува со Кина, барем не на ваков начин. Во Кина првиот случај на коронавирус беше регистриран во декември, а веќе во јануари, главното жариште на вирусот, градот Вухан, беше целосно затворен и ставен во карантин. Во Македонија првиот случај се појави дури во март. Следствено на тоа, Македонија и Кина се на различно ниво од развојот на епидемијата која во земјава почна 3 месеци подоцна од Кина, така што овие бројки се неспоредливи.

Понатаму, официјалните бројки кои ги прикажува Кина, исто така, не можат да се земат со сигурност, имајќи ги предвид информациите кои се појавија во јавноста, дека кинеските власти манипулирале со бројките на заразени и починати, односно податоците се сомнителни и недоверливи. Со таква информација излезе Блумберг повикувајќи се на извештај од американски разузнавачи.

Оттука, нејасно е која е целта на  ваквата површна споредбата на бројот на активни случаи во Кина и во Македонија?!

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести