verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Не починало ниту едно двегодишно дете во Македонија од „Ковид 19“

on 3 - 04 - 2020       

Во време кога светот се соочува со пандемија, со „невидлив непријател“ лесно е да се привлече вниманието на населението преку дезинформации. Доволно е да ги имате клучните зборови “корона вирус” или “КОВИД 19” во насловот и никој не го избегнува ваквиот текст. Сепак, во овој момент, новинарите не смеат да играат со чувствата на читателите и да ги кршат основните принципи на новинарската етика

Скриншот од веста што ја рецензираме

Линк до оригиналниот напис: „Трогателно: Почина двегодишно дете од коронавирусот во Македонија“    E dhimbshme: Vdes 2 vjeçari nga koronavirusi në Maqedoni

Датум на објавување: 23.03.2020

Датум на рецензија: 27.03.2020

Рецензира: Ајнур Бафќари

Пациентите не се жртви!

Во насловот на текстот што го разгледуваме, авторот го „прогласил мртво“ двегодишното дете, за кое Институтот за јавно здравје го опиша како најмладиот пациент со коронавирус кај нас. Изгубен во преводот, или едноставно за собирање кликања, авторот го измешал терминот „пациент“ со „жртва“ и со тоа проширил дезинформација што воопшто не е вистина. Овој наслов го наведува читателот на погрешна интерпретација, го дезинформира и постигнува други цели што се неприфатливи во однос на стандардите на новинарската етика.

„Двегодишно дете во Македонија почина од коронавирус. Според податоците објавени на веб-страницата на Институтот за јавно здравје, најмладиот пациент со коронавирус во Северна Македонија е двегодишно дете, додека најстариот пациент има 91 година. Во деталниот дневен извештај од Институтот за јавно здравје се вели дека „возраста на пациентите се движи од 2 до 91 година (просечно 42,2 години), а поголемиот дел од пациентите (23 проценти) се на возраст меѓу 30 и 39 години“ – пишува во текстот.

Во насловот се вели едно, во текстот друго!

Авторот во продолжение со повикување на официјалните податоци на Институтот за јавно здравје „го оживува“ двегодишното дете и го рангира на списокот на пациенти како најмладиот во државата. Во овој текст, авторот ги измамил своите читатели, кои, под влијание на ситуацијата со коронавирусот и начинот на кој бил напишан насловот, кликнале за да видат што се случило со детето. Но, овој текст не дава одговор, читателот излегува без да разбере што се случило со двегодишното дете. На која верзија треба да му се верува, на насловот или на текстот?!

Две манипулации – со емоции и со внимание

Во овој текст манипулацијата се прави преку насловот и се користат два концепта на манипулација. Авторот наместо факти, решил да напише свое убедување за да предизвика емоции кај читателите. Тој дури го употребил зборот „трогателно„  на почетокот на насловот со цел да се даде емотивната тежина.

Додека, преку манипулативниот концептот „тенденција да се привлече внимание“, авторот во својот наслов посветил поголемо внимание на (дез)информациите што носат повеќе емотивна вредност, притоа игнорирајќи ги другите информации. Овие манипулативни концепти се дефинирани во прирачникот за критичко мислење КриТинк.

Чувајте се од COVID 19, ама чувајте се и од лажните вести!

Во вонредна состојба, со вирус на кој сите држави му ги затвораат своите граници, ама тој без проблем ги минува, не треба да се верува на сè што се слуша или прочита. Мора да бидете внимателни за тоа од каде сте информирани. Не ги земајте сите информации како вистинити, не дозволувајте наслов да ве доведе до погрешно толкување. Ако наидете на текст што не одговара на насловот, игнорирајте го. Обидете се да пронајдете текст на оваа тема од посигурен извор на информации, запомнете ја веб-страницата што ве измамила и не дозволувајте повторно да го стори тоа!

Овој напис е дел од специјалното известување на „Критинк“ за дезинформациите поврзани со епидемијата на корона-вирусот Ковид-19. Кликнете на линкот за најнови вести и проверени информации од оваа област.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести