verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Не е точно дека настанот на Владата го следеле само 17 луѓе

on 13 - 04 - 2020       

[Рецензија На граѓаните им е преку глава од СДСМ: Само 17 луѓе го следат настанот од Влада]

Во новинарската професионална литература за спинувањето како техника за манипулација на јавноста е кажано многу. Меѓу другото, основната дефиниција за тоа што е спинот појаснува дека тоа е полувистина, употребена на начин да му одговара на некој центар на моќ да креира лажна слика, но притоа да не се лаже грубо, туку само половично, а читателот, сепак да не ја добие целосната вистина.

Линк до оригиналниот напис: На граѓаните им е преку глава од СДСМ: Само 17 луѓе го следат настанот од Владa

Датум и време на објавување:11.04.2020, 17:13

Датум на рецензирање: 12.04.2020

Рецензент: Мирослава Бурнс

Текстот што го рецензираме ја извртува вистината и користи пристрасен тон на информирање, каде информацијата и коментарот не се одворени, туку слеани.

Тврдењето за наводната слаба гледаност и дека тоа е резултат на недовербата на граѓаните кон власта и мерките што ги презема во изминатиот период, е став на непотпишаниот автор на текстот. Точно е дека во одреден период од видео стримот ќе се приклучат само 17 гледачи, но да се фотографира екранот во тој даден момент и да се тврди дека тоа е крајната бројка на гледачи и досег на содржината, е неточна информација.

Комплетно е неможно само 17 граѓани да ја погледнале содржината која засега илјадници семејства во земјава, кои во услови на криза имаат еден куп неодговорени прашања и тековни животни проблеми. На официјалниот Јутјуб канал, на пример, има над 850 прегледи (на 12.04.2020). На видеото на само еден од каналите на Владата на Фејсбук (а ги има повеќе, на повеќе социјални мрежи), има 15.000 прегледи, многу коментари и споделувања (на12.04.2020). Но, написот намерно креира погрешна слика за гледаноста на настанот на Владата.

Доколку во одреден момент само 17 корисници биле вклучени на одредена содржина која се емитувала во живо, тоа не значи дека бројот не пораснал. Покрај тоа, оваа содржина се прикажувала и на јавниот сервис, а можеби и на други локални телевизии и платформи, па досегот за секој кој имал интерес да ја проследи содржината бил задоволителен. Инаку, видео материјалот и во моментов стои објавен на платформите на Владата.

Исто така, во случај на пандемија информирањето за мерките кои се менуваат некогаш и на дневна основа и кои засегаат голем број граѓани, воопшто не треба да се доведува во контекст на партија, како што тоа го сугерира насловот.

Освен тоа, во текстот се изнесуваат и други шпекулации со цел да се дискредитира владината прес-служба. Се забележува, на пример, дека премногу информирале за состојбата за ковид 19 (!) и тоа се припишува како владин пи-ар, а не како основна должност во случај на пандемија.

Овој напис е дел од специјалното известување на „Критинк“ за дезинформациите поврзани со епидемијата на корона-вирусот Ковид-19. Кликнете на линкот за најнови вести и проверени информации од оваа област.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести