verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Навивачка статистика за корона вирусот

on 27 - 05 - 2020       

Фото: Илустрација


[Рецензија:  Телма математика: 10 % новозаболени дневно, од тестирањата во изминатите 6 денови]

Тезата дека од статистиката за извршените тестови за присуство на корона вирусот, кои се прават врз граѓани – потенцијални пациенти, треба да се „избришат“ оние кои не се правени во т.н. црвени зони, како и оние кои се употребени како означување на крајот на процесот на заздравување, е тенденциознa во стартот на пребројувањето. Јасно, ако постои обид да се докажува дека ние сме одново во некаква пандемиска криза, сѐ е добредојдено, па и користење на ножиците како би се добило нешто што би било соодветно за да се најде вистискиот обем на корона кризата кај нас. Постаопка што едноставно во овие мигови може лесно да добие политичка арома. Ова се направи деновиве и во еден посебен прилог на ТВ Телма, во рамки на емисијата Црвена линија, а потоа, следниот ден, се репризираше како посебен прилог во ударниот попладневен дневник.

Линк до оригиналниот напис: Телма математика: 10 % новозаболени дневно, од тестирањата во изминатите 6 денови

Датум и време на објавување: 19 мај 2020, 15:19

Датум на рецензирање 23 мај 2020

Рецензент: Љубомир Костовски

Во своето последно интервју, дадено за ТВ24 всти, министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека е нормално одвреме-навреме да има нови, мали пикови, но дека генерално битката со корона вирусот во оваа етапа од пандемијата главно е добиена. Се осврна на намалената дисциплина кај граѓаните во однос на носење на неопходните реквизити.

Но, во екот на политичкиот двобој во дневните активности на партиите падна во очи истражувањето кое беше пласирано во Телма, а во кое се тврди дека нам корона вирусот ни се вратил на голема врата. Ова секако дека има политичка тежина за аргументите на оние политички сили кои бараат одложување на изборите.

Повеќе од 10 проценти од вкупно тестираните во последните 6 денови се позитивни на Ковид 19. Или тоа прикажано во бројки значи од просечно изработени 190 тестови дневно регистрирани се по 20 новозаболени.

Ова е секако доста тенко минување на границата која се смета дека постои меѓу загрижувачкиот број заболени и бројот на вкупно тестирани лица во земјава, будејќи „математиката“ на оној кој го правел прилогот – и по признае на авторот – нема официјално покритие на официјалните органи. Јасно, правена е со самоволна редукција на бројот на тестирани.

Така, „Телма“ собра дека вкупно во последните 6 денови се изработени 2.167 тестирања, но од нив дури 908 се за вработени во градинките.

„Тоа значи дека ако се одземат тестирањата во градинките, разлика од 1.259 е, всушност, реалната бројка на изработени тестирања со кои би се лоцирале новозаболените од корона вирусот“. Потоа се продолжува во ист стил па се вели дека „…и овој број е под знак прашалник, бидејќи во изминатите шест денови има и оздравени пациенти – 116. Од досегашната пракса за еден болен да биде регистриран како оздравен значи дека трреба да има минимум 2 негативни тестови“. И да не набројуваме понатаму, авторот доаѓа од бројката на вкупно тестирани тие денови (1.143) до бројката (190), за да се дојде на границата на алармот – 20 отсто од тестираните се заболени и „светилката свети“. Заклучок – ние имаме загрижувачки број на пациенти. Индиректно – не смее да има активности како избори, на пример, бидејќи, бројот на новозаболени покажува опасен тренд.

Добро, дали до вчера опозицијата не велеше дека треба да се врши „тестирање, тестирање и само тестирање“? Од каде сега тестирањето на вработените во градинките може да се изземе, односно да бидат „аут“? Еве, во овие денови правени се такви тестови и во дел од полицијата (ЕБР), каде е откриен еден заболен од корона вирусот. Според признанието на министерот за полиција морало да се направат тестирања на сите колеги со кои тој имал конаткти, иако ниту еден од нив немал никакви сипмтоми. Најдено е дека, всушност, се заболени 14 полицајци (!), а дури 104 од нив се ставени во домашна изолација. Замислете сега колку тука има тестирања и колку ќе ги има… ама веројатно некој – како да треби ориз – ќе одредува што е според правилата, а што не! А, во основа се работи за едно ново жариште, гледано низ визирот на епидемиолозите.

Исто така, се прави напор од тестираните да се издвојат оние кои оздравеле! Чуму? Па, зошто тогаш се сметаат „во купот“ оние кои не оздравеле, а биле проверувани, но покажале незадоволителни резултати, односно нивните тестови се забележани како позитивни! Тие може да бидат позитивни и уште неколку пати, кога ќе бидат тестирани и одново се дел од бројките. Ама, тие тука се секако во поддршка на мотивот на статистичарот.

Дека изборите биле дел од мотивацијата на оваа горенаведена статистика, покажува и фактот дека се цитира изјавата на заменик министерот за здравство Арменд Аслани, кој го пренесе ставот на Комисијата за одржување на парламентарните избори. Според изјавата дадена на 11 мај, само ако бројот на заразените во наредните 14 дена е  под 5 проценти може да се разговара за биралиштата. Се додава дека министерот за здравство, Венко Филкипче, не бил дециден дали Комисијата би одобрила избори со ваквите резултати од тестирањата.

Се вели и дека директорот на Центарот за јавно здравје во Скопје, Арбен Зибери, бил загрижен поради новите бројки и изборите. Изборите, изборите… Со таков мотив тешко е да не се погрешат бројките. Да не говориме дека за тоа дали присуството на вирусот е загрижувачко или не, постојат седум – осум фактори, што во оваа анализа едноставно се „испарени“.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести