verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Модел за манипулација

on 15 - 10 - 2015       

10132015-Republika-Filipce-crop-resize

[Рецензија: Лекари од земјите во развој ќе се едуцираат по македонски модел]

 

Оваа медиумска содржина дефинитивно манипулира. Иако го прави тоа суптилно и не толку отворено како некои други медиуми што ја пренесоа оваа иста вест, сепак, во насловот, со фотографијата, а и со тоа како се структурирани елементите во телото на новинарската содржина, имаме пример за медиумска манипулација.

Зошто го тврдиме ова така категорично на самиот почеток на оваа рецензија?

Веста во својот наслов најавува дека лекарите во земјите во развој ќе се едуцираат според македонски модел, но никаде не е прецизно нагласено дали тој модел веќе се користи во Македонија, односно дали тој произлегува од актуелните здравствените реформи, кои како политичка програма ги спроведува актуелната власт во Република Македонија.

Насловот прави тоа да биде така, но веста воопшто не го потврдува тоа.

Дополнително, фотографијата, како новинарскo-графички елемент кој има моќ да замени илјада зборови, ја засилува оваа манипулација зашто на неа централна фигура е актуелниот министер за здравство, а авторот на моделот за кој станува збор е „турнат“ на маргините на фотографијата. Уште повеќе, нема дополнителни информации за фотографијата (легенда), кои ќе ни соопштат кој е нашиот еминентен доктор и научник што ги импресионирал учесниците на Светскиот здравствен самит во Берлин.

Ова го нагласуваме зашто при дополнителното пребарување по информации што ќе прецизираат за што станува збор, стигнавме до такви кои многу појасно опишуваат за што станува збор.

Имено, д-р Венко Филипче на овој самит настапува како претставник на Македонската академија на науките и уметностите, а не како претставник на македонското Министерство за здравство.

Тоа многу попрецизно лоцира дека се работи за проект на МАНУ, без да имаме информација дека тој ист проект се применува и во образовната практика во медицинските образовни институции кај нас.

Овој текст останува без таа важна информација.

Затоа, вака напишан, тој манипулативно ипмлицира дека здравствените власти во Македонија имаат некаква врска со овој проект.

10132015-Republika-FilipceЛинк до оригиналниот напис: Лекари од земјите во развој ќе се едуцираат по македонски модел

Датум и време на објавување: 13.10.2015 11:34

Датум на рецензирање: 20.04.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Да заклучиме со потсетувањето дека првата обврска на новинарите е вистината. Во основата на демократските заедници е нивните граѓани да имаат пристап до веродостојни и до точни факти ставени во разумен и во разбирлив контекст. Новинарството е еден од инструментите што го овозможуваат тоа. Новинарите не се во потрага по вистината во апсолутна и филозофска смисла, туку во потрага по вистината во практична смисла. Таа „новинарска вистина“ е процес кој почнува една од постапките на професијата, која подразбира прибирање и верификација на фактите. Новинарите треба да се колку што е можно потранспарентни во однос на тоа кои извори и методи ги користат. Тоа ќе ѝ овозможи на публиката да формира сопствена процена на информацијата.

Дури и во светот на мноштво од мислења, точноста е темелот врз кој потоа се гради целата новинарска приказна – контекстот, толкувањето, коментарите, критиката, анализата и дебатите.

Затоа и во преамбулата на Кодексот на новинарите е нагласено:

Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни.

Дополнително, овој текст не може да ја скрие својата политичка пристрасност, а тоа е во спротивност со членот 14 од Кодексот, кој налага:

Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано.

За жал, и сега, којзнае по кој пат, констатираме: Оваа медиумска содржина на ја обезбедила неопходната професионална дистанца од политичките субјекти.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести