verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Мистеријата“ е откриена: На македонското небо се гледаат телекомуникациските сателити на Илон Маск

on 21 - 04 - 2020       

[Рецензија: Мистерија се случува вечерва над македонското небо- ако го забележавте ова, тоа е тоа што ги загрижи сите (ФОТО)]

Текстот шири паника без претходно да ги провери информациите.

Линк до оригиналниот напис: Мистерија се случува вечерва над македонското небо- ако го забележавте ова, тоа е тоа што ги загрижи сите (ФОТО)

Датум и време на објавување: 16.04.2020

Датум на рецензирање: 20.04.2020

Рецензент: Ана Анастасовска

Текстот кој е предмет на оваа рецензија, преку насловот шири паника во јавноста, повикувајќи се на статуси од социјални мрежи, без притоа да ги провери информациите. Написот информира за „мистерија над македонското небо која ги загрижила сите“, но не дава никакво објаснување за каква мистерија станува збор.

На социјалната мрежа Твитер се појавија твитови со пораки дека на небото вечерва над повеќе македонски градови се случувало вистинска мистерија. Во дел од твитовите корисниците ги повикуваат сите да го погледнат небото во овие моменти, додека други ја објаснуваат мистеријата преку информации поврзани со метеори и сл… Сето ова се случуваше точно во 9 часот, а точките во низа беа некаде околу триесетина и се движеа една зад друга во перфектна линија.

Вака пренесен текстот може да биде причина за ширење разни теории на заговор. Новинарот не смее да отвара прашања во јавноста без да најде одговор на истите, бидејќи на тој начин остава простор за ширење на разни шпекулации, а со тоа го прекршува основното новинарско правило, дека новинарот треба да информира.

За каква мистерија станува збор?

Мистеријата опишана во написот всушност се телекомуникациски сателити наречени „Старлинк“од компанијата СпејсИкс (SpaceX), компанијата на американскиот милијардер Илон Маск.

Ваквото објаснување објавено на страната на скопското астрономско друштво, го дава Радан Митровиќ.

Овие сателити се лансираат по 60 одеднаш, и до сега се лансирани 5 ракети со по 60 сателити. Во план е во иднина да бидат лансирани 12 000 ( и со букви дванаесет илјади) само во првиот налет, а потоа тој број ќе се мултиплицира многукратно, така да можеби во иднина ќе гледате многу повеќе сателити, отколку ѕвезди. Овие сателити одат по небото како некој воз, во ред еден зад друг, и добивме многу повици и пораки со молба да им разјасниме на луѓето што е тоа што го гледаат на небото. Се надевам дека со ова делумно, или целосно, ќе им ја разјасниме мистеријата.

Маск почна да го развива проектот „Старлинк“ во 2015 година и неговата вредност се проценува на 10 милијарди долари. Првата серија од 60 сателити беше лансирана во мај минатата година и целта на Маск е создавање констелација од илјадници мали сателити во вселената кои ќе овозможат целата Земја да биде покриена со интернет.

Секој сателит е тежок 227 килограми и оваа констелација постепено ќе се надградува. Секој пат одеднаш ќе се лансираат по 60 сателити, кои, како што можеше да се види и деновиве, одат по небото еден по друг, оставајќи впечаток на воз.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести