verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Медиумите и безбедноста разбрана како “слобода од страв и немаштија“

on 12 - 09 - 2014       
Медиумите и лавиринтот на поимања на безбедноста -огромна полициска безбедносна камера врз Лондон: „Една нација под безбедносните камери“: Фото и Фотошоп: Tom Blackwell, 2010

Медиумите и лавиринтот на поимања на безбедноста – огромна полициска безбедносна камера врз Лондон: „Една нација под безбедносните камери“: Фото и Фотошоп: Tom Blackwell, 2010

Медиумите можат да понудат не само слика на безбедносната ситуација во Република Македонија, туку можат да понудат и продлабочено објаснување за релациите меѓу одредени настани, причинско- последичната поврзаност и корените на актуелни случувања. На пример, да се поврзе сиромаштијата со криминалитетот. Или, да се поврзе хигиената во болниците со морталитетот на доенчињата.

 

Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права

 

МАКЕДОНИЈА НА ЛИСТАТА ПО БЕЗБЕДНОСТ ТУКА НЕКАДЕ СО УКРАИНА ????

Македонија како и да е, не е земја каде е загрозена безбедноста, но и не е баш најбезбедна.

СДСМ: Македонија како див Запад,

Министерството за внатрешни работи не им гарантира безбедност на граѓаните, обвинија Социјалдемократите и побараа итна реакција и одговорност за сериозниот замав на убиства во земјата.

Македонија (не)безбедно место за живеење?

Низ улиците на Скопје зачестија вооружените грабежи на банки, а во Македонија минатата година, според податоците на МВР имало 36 убиства. Експертите велат дека полицијата мора да покаже поголема ефикасност во откривањето на сторителите, а судството мора да изрекува максимално строги казни за намалување на криминалитетот.

Безбедни училишта – хармонична средина

Постоењето на безбедна училишна средина е основен предуслов нашите деца да го достигнат својот целосен потенцијал во животот, рече министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска при промовирањето на проектот „Безбедни училишта-Хармонични средини“ во средното училиште „Арсени Јовков“ во Скопје.

Безбедноста е континуиран предмет на интерес за медиумите, меѓутоа некогаш не е јасно што точно и што сѐ се подразбира кога станува збор за безбедноста на живеење во една држава. Во последните декади многу е проширено значењето на поимите како мир и безбедност. Мирот веќе одамна има многу пошироко значење од едноставно отсуство на војна или конфликт, а безбедноста не може да се објасни со чисто воена терминологија.

 

СОВРЕМЕНО ДЕФИНИРАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА

Во дефинирањето на безбедноста мора да бидат вклопени елементи на економскиот развој, социјалната правда, заштитата на животната средина, демократијата, почитувањето на човековите права и владеењето на правото. Во медиумите недостасува едукативно/објаснувачката компонента кога за безбедноста се зборува во нејзиното пошироко значење, разбрана како “слобода од страв и немаштија“. Медиумите само индиректно и сосема попатно го адресираат ова и ваквото разбирање на безбедноста (на пример: Македонија не е меѓу 100-те најдобри земји за живот,, Македонија живее безбедно, но сиромашно), без да навлезат во натамошна анализа и без поврзување на актуелните безбедносни случувања во Република Македонија со разбирањето на безбедноста како човекова безбедност, а не како државна безбедност.

Интересно е дека медиумите во пренесувањето на одделни истражувања спомнуваат елементи на човековата безбедност.На пример, во весникот Нова Македонија се спомнува дека:

Листата од 100 земји од светот аналитичарите ја направиле по истражувањето за квалитетот на живеење, здравството, економијата, можноста за стекнување образование и според политичката состојба на земјите.

Меѓутоа, недостасуваат анализи на актуелната ситуација во Македонија низ призмата на човековата безбедност. За да се направи ова, медиумите мора да отидат чекор понатаму од пренесувањето на црните хроники, соопштенијата на МВР и катаклизмичните сценарија. Во концептот на човековата безбедност физичкото насилство, криминалот, тероризмот, домашното насилство, претставуваат само еден сегмент меѓу многуте закани за човековата безбедност.

 

НАЈПРВИН ИДЕНТИФИКУВАЊЕ НА ЗАКАНИТЕ

Она што медиумите можат да го направат е прво јасно да ги идентификуваат различните закани на човековата безбедност. Можеби најважно е да се перципираат како безбедносна закана сиромаштијата и невработеноста кога се известува за падот на Македонија на листите на сиромаштија (+Инфо). Или, покрај самото јавување за определени инциденти поврзани со: нездравата храна, лошите здравствени услуги, еколошките проблеми, етничките конфликти, политичкото насилство (за безбедноста на храната, здравствената безбедност, еколошка безбедност, безбедноста на заедницата, политичка безбедност) – тие да се идентификуваат како безбедносна закана. Еднаш кога тоа ќе се направи, најлогично ќе произлезе и тоа како секоја од овие безбедносни закани влијае на намалувањето на целокупната безбедност во Македонија.

Понатаму, доколку се искористи човековата безбедност како нулта точка од која започнуваат анализите, тогаш медиумите можат да понудат не само слика на безбедносната ситуација во Република Македонија, туку можат да понудат и продлабочено објаснување за релациите меѓу одредени настани, причинско- последичната поврзаност и корените на актуелни случувања. На пример, да се поврзе сиромаштијата со криминалитетот. Или, да се поврзе хигиената во болниците со морталитетот на доенчињата.

Доколку медиумите навлезат во оваа област на безбедноста, тие можат да станат клучен фактор во мерењето на безбедноста, односно, пресметувањето на порастот или намалувањето на заканите за безбедноста во одделни области и проценка на капацитетите кои ги има државата да се справи со тие закани.

На тој начин медиумите ќе се оспособат и за соодветно читање и презентирање на индексот на човековата безбедност и ќе ја намалат можноста од ширење дезинформации како за одделни области, така и за генералната безбедносна ситуација по индивидуата и воопшто во државата.


Оваа анализа е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Анализата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на анализата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести