verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Манипулација врз „манипулацијата“

on 15 - 07 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #281 - 'Manipulimi i Ahmetit me “buzëqeshjen e ngrirë” në 2015 (foto) I FAKTE_NET' - www_fakte_net_manipulimi-i-ahmetit-me-buz

 

Напис: Манипулацијата на Ахмети со „смрзнатата насмевка“ во 2015

Продолжуваат манипулациите што ДУИ и нејзиниот лидер, Али Ахмети, им ги прават на Албанците. По денешната средба на Ахмети со високата американска функционерка Викторија Нуланд, на неговиот официјален профил и во медиуми се лиферува една фотографија, наводно од денешната средба со Нуланд, известува „Факте“. На фотографијата може да се видат двајцата соговорници насмеани, дури на беџот на градите на Ахмети пишуваше „ВИП“, а се разбира, не недостигаа ниту стихови за тоа „колку сјајно поминала средбата…“.

Но, всушност, на Албанците им се приложи уште една манипулација во редицата секојдневни манипулации. Фотографијата што наводно беше направена денеска, беше истата фотографија од лани (13 јули 2015 г.), која, исто така, беше објавена на профилот на Али Ахмети на ФБ.

За се потврди дали станува збор за обична манипулација, може да се спореди и облеката на госпоѓата Нуланд на денешните фотографии во американската амбасада, како на тие со македонските лидери. Тие што ги следеле средбите на Нуланд со Ахмети (и со другите лидери), кажуваат дека, сепак, годинава на нивните лица ја немало насмевката од пред една година. /ФАКТЕ.нет

 

[Рецензија: „Манипулацијата на Ахмети со „смрзнатата насмевка“ во 2015“]

Лесно е да најдеш една фотографија за која ти доаѓаат многу зборови на ум, да изградиш потоа камуфлирани пасуси – камуфлирани под наметката на веста – и да ја објавиш без да ги исполниш минималните услови за нејзината конструкција. Ова се прави со текстот што го рецензираме, каде јасно се забележуваат индивидуалните коментари и недостигот од извори.

Fakte - Manipulimi i AhmetitЛинк до оригиналниот напис: „Манипулацијата на Ахмети со „смрзнатата насмевка“ во 2015-та

Датум на објавување: 11.07.2016

Датум на рецензирање: 13.07.2016

Рецензент: Фатлуме Дервиши

Авторот со право го обелоденил фактот на употреба на една стара фотографија од страна на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во најава на нова кауза. Ахмети ја искористил фотографијата направена на 13 јули 2015 со високата претставничка Нуланд, за да извести за реализираната средба на 11 јули 2016 (без да го нагласи тоа). Изгледа, медиумите не го забележале ова веднаш, но како и да е, во овој текст, оваа постапка не е третирана целосно на соодветен начин.

Ali Ahmeti postimi

„Само што ја завршив средбата со високата американска функционерка, госпоѓата Викторија Нуланд, заменик-секретар во американскиот Стејт департмент за европски и евроазиски прашања, како и со амбасадорот на САД во Скопје, г. Џес Бејли.

Како и секогаш, дискутиравме отворено и пријателски за начините како да се реши политичката криза во државата и да се врати фокусот во интеграциската евро-атлантска агенда.

Ја убедив госпоѓата Нуланд дека ДУИ е најконструктивниот дел во решавање на прашањето и изразив убедување за едно брзо постигнување компромис од страните во следниве неколку денови.

Овој компромис треба да резултира со сеопфатно, сигурно и демократско решение, колку што е можно побргу. 

Исто така, ја известив високата американска гостинка за нашите предлози врз прашањата за чистење на изборниот список и медиумите, како и за потребата партиите да се согласат дека се исполнети условите за избори и потоа да се одреди датумот на предвремените избори.

Соочувајќи се со ризикот од најразлични влијанија, побарав дополнителна поддршка од Америка за продолжување на нашиот интеграциски пат во НАТО и во ЕУ, а госпоѓата Нуланд нагласи дека тоа е наша заедничка цел.“

 

Како прво, обвиненијата насочени кон оваа партија за манипулација не држат, бидејќи делото за кое се „фатиле“ не е некоја голема злоупотреба за да се прават обвиненија и категоризации од овој вид. На крајот на краиштата, објавата (на ФБ што тука ја презентиираме – н.з.), зборува за средбата што е реализирана „денеска“, но не кажува дека фотографијата е направена „денеска“.

„Но, всушност, на Албанците им се приложи уште една манипулација во редицата секојдневни манипулации. Фотографијата што наводно беше направена денеска, беше истата фотографија од лани (13 јули 2015 г.), која исто така беше објавена на профилот на Али Ахмети на ФБ.“

Второ, таквите проценки не му следуваат на авторот да ги каже, туку на инволвираните страни. Би било попрофесионално да се побарало причина од Бирото за информации на ДУИ зошто е избрана токму оваа фотографија и можеби да се поставело едно директно прашање, дали е направено за манипулирање на јавноста. Таквата постапка би можела уште подобро да се образложи со присуството на експерти од областа на односите со јавноста или комуниколози.

„Тие што ги следеле средбите на Нуланд со Ахмети (и со другите лидери), кажуваат дека сепак годинава на нивните лица ја немало насмевката од пред една година“.

Кои се „тие“ и како го толкуваат „недостигот на насмевка“ за кој се говори во текстот? Зошто Нуланд се сретнала со политичките лидери и кој бил исходот на средбата (потребна е информација за заднината за да се сфати важноста на средбата)? Доколку ова е „уште една манипулација“ или „продолжување на манипулациите“ на ДУИ, за какви претходни манипулации станува збор?

„Влакното“ за кое се фатиле во оваа содржина е интересно, содржи кратка информација и куриозитет, обично соодветни за портали. Но, тој не е третиран објективно и на малку посеопфатен начин и како таков повеќе ни остава впечаток на еден тенденциозен напис.

Кодексот на новинарите на Македонија порачува:

  • Одбирањето на фактите мора да обезбеди објективна информација, имајќи ги предвид сите важни аспекти на темата што се третира.

 

  • Потребата за брзина никогаш не смее да ја ризикува точноста, кредибилноста и професионалноста на трудот.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

Делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести