Сечено, лепено, монтирано спинување
Објавено во Рецензии
on 15 - 07 - 2016 Автор: Димитар Тануров
[Рецензија: Хулиганите на СДСМ и СОРОС се тепаа меѓу себе]
Написот етикетира и коментира за да прикаже поинаква реалност. Во ниту еден дел нема наведен извор, а снимката што е прикажана е нејасна и не може да се утврди ниту каде е снимена, ниту кога, а со тоа тврдењата што се изнесени не можат да бидат поткрепени.
Линк до оригиналниот напис: Хулиганите на СДСМ и СОРОС се тепаа меѓу себе
Датум и време на објавување: 27.06. 2016, 22:06
Датум на рецензирање: 12.07.2016
Рецензент: Димитар Тануров
КОМЕНТАР СО ПОЛИТИЧКА ЦЕЛ
Насловот и поднасловот на написот се коментаторски, а со тоа се навестува дека нема професионална дистанца при информирањето. „Хулиганите кои протестираат во име на СДСМ и се на платен список на опозицијата и на СОРОС, почнаа да се тепаат меѓу себе.“ Изнесеното тврдење во поднасловов не е поткрепено со факти, а дури и да се смета за коментар, исто така треба да има поткрепа. Имајќи предвид дека нема докази за ваквите изнесени информации, станува јасно дека единствена цел на тврдењето е да се дискредитираат и да се оцрнат лицата кои демонстрираат.
Ова е првиот напис од овој тип кој дента се појави, па оттука фразата „според медиумите“ е затскривање и себеоградување од изнесените информации – дека пресметката, на непоткрепено етикетираните лица, е поради неисплатени финансии.
Пренесување на непроверени и непотврдени информации е спротивно на новинарските стандарди, исто како и ненаведувањето на изворот на информацијата. Ако веќе се повикува на одредени медиуми, тогаш истите треба да бидат јасно посочени и цитирани. Генерално, пак, преземање туѓи текстови без дозвола и ненаведување, е плагијаторство.
Во текстот, исто така, се наведува „нашиот извор од лице место“, а потоа, пак, се повикува на „според медиумите“. Тоа уште еднаш посочува дека станува збор за несмасно прикривање на обид за дезинформирање со користење новинарски фрази.
ДРВЈА И КАМЕЊА ПО ДЕМОНСТРАНТИТЕ
Во текстот, освен што се етикетираат лицата како припадници на СДСМ и платеници на СОРОС, демонстрантите коментаторски дополнително се оцрнуваат со наводите „најверојатно биле под дејство на алкохол и наркотици“. Ова е класичен коментар, кој не е поткрепен ниту со изјава.
Во последниот дел, повторно криејќи се зад излитена фраза, текстот изнесува непотврдени информации дека припадниците на обезбедувањето на СДСМ се криминалци. На крајот на текстот е објавен видеозапис од „наводната тепачка“. Снимката е прекратка, со лош квалитет и од далеку снимена, а освен тоа што не може да се утврди каде е снимена, во ниту еден момент не се гледа тепачка меѓу лицата, туку се забележува група граѓани како се движат.
Целиот напис се коси со стандардите што ги пропишува Кодексот на новинари.
Член 1
Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес. Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.Член 4.
Новинарот ќе го назначи изворот на информациите, но ако изворот бара да остане анонимен, новинарот ќе го заштити.Член 10.
Новинарот нема свесно да создава ниту да преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и на дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).Член 11.
Новинарот ќе се придржува и на општо прифатените општествени стандарди на пристојност и на почитување на етничките, културните и на религиозните различности во Македонија.Член 12.
Плагијаторството е неприфатливо. Цитатите не смеат да се користат без да се нагласи изворот или авторот.Член 13.
Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.Член 14.
Известувањето од политичките процеси, особено од изборите, треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
не може да се утврди точноста на наводите
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
неофицијални, анонимни
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
наведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
дискриминира
политичка дискриминација
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови