verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Лесно е да се спинува кога ја нема втората страна

on 12 - 11 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

СДСМ-не-сака-да-стави-потпис-им-смета-името-Македонија-zurnalnet-crop-resize

 

[Рецензија: СДСМ не сака да стави потпис – им смета името Македонија!]

 

Проблематично во овој текст е тоа што авторот извлекува заклучоци од ракав, а при тоа ја нема консултирано втората страна. Написот е политички мотивиран и има цел, по секоја цена, да ја нападне опозицијата.

СДСМ не сака да стави потпис – им смета името Македонија zurnal.netЛинкуван наслов на анализираниот напис: СДСМ не сака да стави потпис – им смета името Македонија!

Датум и време на објавување: 05.11.2015

Датум на рецензирање: 11.11.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

„По којзнае кој пат опозициската СДСМ дејствува против државните интереси и спротивно на барањата на граѓаните. Потврда за тоа е и иницијативата за промена на името на плоштадот во Куманово од „Нова Југославија“ во „Македонија“ која СДСМ ја игнорира.“

Уште првата реченица е спорна. СДСМ дејствувал против државните интереси и против барањата на граѓаните. Уште на почетокот новинарот ја наметнува својата теза, која подолу во текстот воопшто не е аргументирана. Имено, нејасно е како одбивањето да се преименува плоштад во Куманово е противдржавен интерес.

„Над 7.000 граѓани на Куманово ставија свој потпис на барањето за промена на името на градскиот плоштад од „Нова Југославија“ во „Македонија“.“

Тука новинарот би требало да посочи дали тие 7.000 граѓани кои се потпишале на иницијативата, претставуваат мнозинство од вкупниот број жители на општина Куманово. Она што недостига во овој дел од текстот, е колку жители има општината. Имено, општина Куманово, според новата територијална поделба од август 2004 година, е најголема општина во Република Македонија со 103.205 жители. За да биде текстот новинарски професионален, потребен е овој податок, за да може читателот самиот да заклучи дали бројката од 7.000 ја отсликува навистина желбата на мнозинството кумановци.

„Но, и покрај големата поддршка од граѓаните претседателот на Советот на Општина Куманово, Максим Димитриевски од СДСМ одби да го стави овој предлог на гласање во Советот на Општината.“

Каде е изјвата на посочениот Максим Димитриевски? Новинарот требало да крене слушалка и да го праша зошто одбил предлогот да го стави на гласање. Професионално е на читателот да му се пренесе и втората страна.

Димитриевски, всушност, даде изјава по тој повод, но таа можеше да се прочита во други медиуми, каде беше објавен и видеозапис од седницата на која се расправало зошто предлогот за преименување на плоштадот не бил ставен на гласање.

„Со ова СДСМ потврдува дека нема слух за барањето на граѓаните, односно дека им смета името Македонија!“

На крајот од написот, повторно имаме наведување дека на СДСМ му пречело името Македонија, иако потврда за тоа нема, туку само мислење на авторот.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести